8 нешта кои имате право да ги очекувате во вашата љубовна врска

Понекогаш е тешко да знаете со сигурност кои нешта се разумни да ги очекувате од вашиот партнер. Дали таа треба да ви врати на пораката во најбрзо време? Дали тој треба да најде време за секој викенд да се гледате? Дали би требало да ја поделите сметката на половина секој пат кога јадете во ресторан?

8 нешта кои имате право да ги очекувате во вашата љубовна врска

Но, пред да ги решите овие прашања, вие најпрво треба да поставите основи – кои нешта треба да ги побарате, со самодоверба, од секоја врска. Следуваат 8 вакви основни нешта кои имате право да ги очекувате од секоја романтична врска. Исто така, имајте на ум дека и вашиот партнер треба да ги очекува овие нешта од вас.

1. Поврзаност

Вашиот партнер може ова да ви го покаже со зборови, дела или со двете, но физичката поврзаност, како што се прегратките, бакнежите, масажата на грбот и стапалата, како и држењето за раце се особено важни во романтичните врски. Вашиот партнер треба да ве сака како личност и да биде способен или способна да ви го покаже тоа.

2. Сочувство

Кога страдате, вие имате право да очекувате вашиот партнер да биде „мекото место врз кое ќе паднете“. Тој или таа треба да бидат нежни кога сте во болка. Партнерот нема обврска да ви ги чита мислите, да биде секогаш во вашата глава или пак, да се чувства на истиот начин како и вие. Сè што треба е тој или таа да сфаќа дека ви е лошо и да ви понуди поддршка.

3. Почит

Добриот партнер покажува почит, како за вас лично, така и за вашите граници. И покрај тоа што тој или таа нема секогаш да се согласува со вашето мислење, во здравата љубовна врска нема простор за навреди или исмејување. Дури ни кога „само се шегувате“. Партнерот кој има почит за вас ги знае и почитува вашите силни страни, но ги прифаќа и послабите, знаејќи дека и двете ве прават онаа личност која навистина сте.

4. Обѕир

Партнерот треба да има обѕир како неговото или нејзиното однесување влијае врз вас. Тие не треба да ви овозможуваат сè што ќе побарате од нив или вие да направите сè што тие сакаат, но сепак треба да се доволно трпеливи да ги согледаат нештата од ваша перспектива пред да дејствуваат.

5. Време

Секоја врска е базирани врз основа на споделување на времето. Имајќи го тоа на ум, многу е лошо за врската ако вашиот партнер постојано е далеку од вас. Ако тој или таа ретко имаат време за вас, или пак, мора да се пазарите за часовите кои ги поминувате заедно, можеби е време да се прашате колку од вашето време треба да биде изгубено во потрага по нив.

6. Интерес

Сосема е разумно да очекувате дека вашиот партнер ќе има голем интерес за вас. Барем за одреден дел од вашите активности, размислувања, мисли, чувства и слично. Партнерот кој не се интересира за вас како за личност, можеби е во оваа врска само за да избегне да биде сам. Ако тоа се случува, и двајцата заслужувате нешто подобро.

7. Интимност

Интимноста не треба да биде изедначувана со секс. Таа се појавува кога ќе си дозволите да бидете запознаени и ќе сакате вистински да го запознаете вашиот партнер на подлабоко ниво. Вистинската интимност е кога се знаете во секое светло, дури и во најлошото. Вие не можете да почувствувате вистинска љубов ако не сте отворени и ранливи пред вашиот партнер.

8. Дарежливост

Вистински дарежливиот партнер ужива да помага, да смирува и да наоѓа најразлични нешта да ве направи среќни. Тоа не значи дека од него или неа постојано треба да добивате материјални подароци или скапи патувања. Да се предадете себеси во врската е најголемиот подарок за вашиот партнер, и доколку тоа се случи – знаете дека сте со вистинската личност.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар