8 најлоши грешки во пријателството

8 најлоши грешки во пријателството

Сите имаме пријателства кои биле прекинати поради какви било причини. Како што растеме учиме за грешките во пријателството, како и за лошите постапки и навики кои му штетат. Ова се 8 тивки разорувачи на пријателството кои ќе ве оддалечат од пријателите и може многу наскоро да направат вашето пријателство целосно да исчезне.

8 најлоши грешки во пријателството

1. Вашите пријатели не ве запознаваат со нивни пријатели

Доколку вашите пријатели очигледно упорно одбегнуваат да ве запознаат со некој од нивните пријатели, ќе почнете да чувствувате револт. Нема да ви биде јасно зошто ве делат на тој начин, зошто не смеете да стапите во контакт со нив и дали тоа е така поради тоа што не вредите доволно, не ве гледаат како рамни со нив или нив ги сметаат за поблиски. Дали не сте доволно кул за другите нивни пријатели? Многу прашања ќе ви се вртат во глава. Доволна причина за кавга.

2. Често ви откажуваат во последна минута, некогаш и без да ја објаснат својата постапка

Во ред е. Живееме во зафатен свет во кој ретко кој може да крене глава, но да бидеме реални, зад многу „зафатен/а сум“ и „немам време“ се крие чиста себичност и незаинтересираност. Ако се грижиш за некој ќе најдеш време. Ако вашиот пријател често ги откажува плановите со вас, некогаш дури и без воопшто да се потруди да ви објасни или да се извини, можеби навистина не заслужува да ве има за пријатели.

8 најлоши грешки во пријателството

3. Постојано ве држат во својата сенка

Не ви треба некој кој не се радува на вашиот успех и секогаш кога ќе ви тргне во животот не ве остава да бидете во центарот на вниманието ни секунда бидејќи тоа место е резервирано за него/неа. Ниту пак некој кој не го почитува она што го работите и ја смета вашата работа за небитна.

4. Чувствувате како постојано да се натпреваруваат со вас

Натпреварувањето и желбата за докажување, особено во пријателството може да биде навистина напорна, но и отровна работа. Не ви треба „пријател“ кој ве следи во чекор, чека да направите грешка за да се насити од вашиот неуспех и постојано е во битка да се докаже дека вреди.

5. Бараат многу внимание и пожртвуваност, но не возвраќаат со исто

Пријателството бара многу разбирање и пожртвуваност, но и подготвеност да се возврати еднакво. Сакате да ѝ тропнете на врата на вашата пријателка со кутија чоколатца кога е тажна, но и таа мора да ви биде рамо за плачење.

8 најлоши грешки во пријателството

6. Ве омаловажуваат

Ако ве навредуваат, ви велат дека треба повеќе да внимавате на вашата тежина, дека не се трудите доволно, дека не сте доволно добри, тргнете се од отровниот пријател. Оној кој толку сака да ја згазне вашата самодоверба првично има голем проблем самиот со себе. Сеедно, не сте должни да го трпите тоа.

8 најлоши грешки во пријателството

7. Се фаќаат за ситници

Некогаш ќе има препирања, но постојаните кавги не се во ред. Ако вашиот пријател се фаќа за ситници и постојано разгорува кавги очигледно има голем мерак за уништување на вашето пријателство.

8 најлоши грешки во пријателството

8. Им зборуваат на пријателите зад грб

Факт: ако зборува лошо зад нечиј грб пред вас, бидете сигурни дека истото го прави зад вашиот грб.

8 најлоши грешки во пријателството


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар