8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

Девојките понекогаш самите си ја саботираат својата потрага по љубов. Иако запознаваат нови момчиња кои им се привлечни, тие понекогаш прават некоја од овие грешки и ги плашат или одбиваат своите потенцијални долгогодишни партнери.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

1. Не им давате простор

Мажите имаат свој личен простор во кој ќе ве пуштат кога ќе сметаат дека ќе дојде време за тоа. Тие не сакаат девојка која веднаш откако ќе се запознаат ќе сака да им го окупира целиот живот барајќи љубов од нив.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

2. Споделување на премногу лични работи

Ако сте се запознале неодамна, тоа значи дека не можете премногу да си верувате. Затоа нема да делувате многу доверливо ако почнете веднаш да споделувате премногу лични работи од вашиот живот. Тогаш тој може да запраша зошто е тоа така и да се оддалечи од вас.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

3. Премногу сте драматични

Ова е многу неатрактивна особина. Справете се со неа ако ја среќавате кај вас затоа што никој покрај себе не сака личност која едноставните работи ги прави комплицирани.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

4. Прерано изјавување љубов

И мажите влегуваат во врска за евентуално да пронајдат голема љубов, но ако почнете со искажување љубов уште додека не се познавате доволно, тоа може да ги исплаши.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

5. Притисок за брак

Бракот е сериозна работа и затоа секој маж сака да биде сигурен дека пронашол жена со која може да го помине остатокот од животот. Ако го притискате да стапи во брак по не многу долга врска со вас, директно или со суптилни знаци, тој ќе помисли дека сте со него само затоа што барате сопруг. Тој сопруг сигурно нема да го најдете баш во него, освен ако и тој не е од истата причина со вас.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

6. Зборување за бившите момчиња

Бившите момчиња се ваша работа, а не на новото момче. Тој сака да се занимава со вас, а не со нив.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

7. Преголема и неразумна љубомора

Ниту вие не го сакате тоа од негова страна, па разбирате како му е и на него.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

8. Не нарачувате вистинска храна

Мажите не сакаат да видат дека новата девојка која ја сретнале има проблеми со сликата за своето тело. Нарачајте вистинска храна кога ќе јадете заедно и сторете го тоа со самодоверба.

8 начини на кои девојките ги плашат и одбиваат новите момчиња кои ги запознаваат

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар