8 начини да го импресионирате вашиот шеф

Автор: Игор Божинов, FactsAll.com

Сте почнале со работа на ново работно место, или со години сте на истото, но не можете да напредувате во кариерата? Ќе ви покажеме 8 ефикасни начини како да го импресионирате вашиот шеф.

8 начини да го импресионирате вашиот шеф

1. Често бидете насмеани. Ако работите насмеани, вашето тело ќе мисли дека работата и не е толку лоша. Затоа кога ќе се најдете во тешка ситуација со вашиот шеф, бидете насмеани, а во останатиот дел од работното време не заборавајте да бидете ведри, хумористични и позитивни.

2. Поставувајте прашања. Уште од самиот почеток поставувајте прашања за сè што не ви е јасно. Бидете конструктивни и јасни во тоа што сакате да прашате. Така ќе дадете до знаење дека ве интересира вашата работа и ќе покажете желба дека сакате да научите нешто повеќе.

3. Бидете точни. Ова е многу важен момент. Секогаш бидете на вашето работно место пред да ви започне работното време, трудете се да не доцните за да морате да давате глупави објаснувања за тоа. Ако сте почетник во компанијата, доцнењето може да создаде сомнеж кај вашиот претпоставен за вашите навики и ќе ви биде потребно доста време за да го убедите во спротивното.

3. Фаќајте белешки. Како студент сигурно сте запишувале разни работи во вашата тетратка на предавањата. Применете го истото и на вашето работно место, доколку вашата позиција ви го дозволува тоа. Со овој студиозен пристап ќе учите побрзо, ќе бидете поефикасни и ќе избегнете повторување на прашањата ако нешто повторно не ви е јасно.

4. Бидете одговорни, признајте ги вашите грешки. Не секој шеф има толеранција кон грешење. Но ако пристапите со решение за проблемот, тогаш сè би требало да биде во ред. Од грешките се учи и вашиот шеф би требало да ја препознае оваа ваша доблест и да биде среќен што сте преземале одговорност врз вашите постапки. Запаметете, секој греши, но не секој признава.

5. Завршете ги задачите кои секој ги заборава. На работното место постојат ситни обврски или задачи кои секогаш некој заборава да ги заврши. Не сугерираме вие да чистите и одите по секој, туку да завршувате обврски кои нема да ви одземат многу време, а ќе ви донесат авторитет и почит од вашите соработници, па и од вашиот шеф.

6. Секогаш изгледајте добро и бидете средени. Како што вели една позната изрека: Дотерај се како за работата што ја сакаш, а не како за работата што ја имаш. Вашата облека зборува доста за вашиот стил. Бидете елегантни, средени и со модерен изглед. Носењето стари и излитени работи и парчиња облека кои не се во мода даваат впечаток дека не се грижите премногу за вашиот изглед, а со тоа и за самите вас.

7. Секогаш бидете подготвени. Ако отидете на работа подготвени за вашите обврски, тогаш сте на вистинскиот пат. Секогаш треба да бидете подготвени за вашите идни состаноци и проекти.

8. Бидете информирани и заинтересирани. Ова е најлесниот и најбрзиот начин да дојдете до унапредување на вашето работно место.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар