8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

Болките во грбот не мора секогаш да бидат предизвикани од некои болести или здравствени состојби. Дури и најздравите луѓе може да ја искусат оваа тешкотија и неудобност во секојдневниот живот. Прочитајте ги следниве 8 причинители на болките во вашиот грб, кои може да ве изненадат.

8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

1. Спиете на стар душек

Добар душек треба да се користи 8-10 години. Доколку не сте го смениле вашиот повеќе од 10 години, големи се шансите вашиот ‘рбет да не ја добива потребната потпора. Заменете го стариот душек со нов кој нема да биде ни премногу тврд ни премногу мек.

2. Носите тешка чанта

Доколку сте од оние луѓе кои сакаат да креваат тешки предмети низ домот, имајте на ум дека грбот нема да ви биде благодарен за тоа. Исто така, носењето тешка чанта на едното рамо, создава нерамнотежа на вашето тело и на вашиот ‘рбет. Носете некоја полесна чанта. Чантата со сите работи внатре не треба да тежи повеќе од 10% од вашата телесна тежина.

3. Носите рамни чевли или чевли со превисока штикла

Чевлите со високи штикли ве тераат да го свиткате грбот, при што создаваат притисок на вашите зглобови. Рамните и ниски чевли како што се балетанките или некои патики, исто така можат да бидат лоши за вашиот грб, особено доколку сте дустабан. Сандалите кои немаат задно ременче се исто така лош избор, бидејќи предизвикуваат шетање на вашите стапала од една на друга страна, при што тежината на вашето тело е нееднакво распределена. Секој човек има своја идеална висина на штикла, пронајдете ја вие вашата.

8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

4. Држите лутина

Истражувачите од еден универзитет откриле дека луѓето кои почесто опростуват, поретко се чувствуваат огорчени, депресивни, гневни и имаат помалку болки. Вашите емоции, напнатоста во мускулите и мислите, можат директно да влијаат врз јачината на физичката болка којашто ја чувствувате. Не само што држењето лутина е лошо за вашето физичко здравје, негативно влијае и на вашата емоционална состојба.

5. Седите цел ден

Лоши вести за сите оние кои работат на компјутер – тоа е многу лошо за вашето здравје. Седењето цел ден можеби ви изгледа убаво во однос на оние луѓе кои работат физичка работа, но повеќето луѓе не седат во правилна положба додека работат на компјутерот 8 часа дневно, што предизвикува ослабување на грбните мускули поради неактивност. Плус седењето создава 50% повеќе притисок врз вашиот ‘рбет отколку стоењето. Доколку работното место не ви овозможува да работите стоејќи на повисок пулт како би ви биле мускулите на грбот постојано активни, тогаш одвреме-навреме потпрете го грбот на столчето под агол од 130 степени, за да го избегнете набивањето на дисковите во ‘рбетниот столб. Исто така, многу е битно главата да ја држите исправено додека работите на компјутерот, а не да ви биде напрегната нанапред.

8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

6. Под стрес сте

Кога сте под стрес, целото тело ви е исто така под стрес, вклучително и мускулите на вашиот врат и грб кои се згрчуваат и стискаат. Доколку продолжите да се стресувате, тие затегнати мускули нема да добијат шанса да се опуштат, што од своја страна предизвикува болки во грбот. Постојат многу докажани начини за намалување на нивото на стресот, меѓу кои спаѓаат редовното вежбање, медитацијата и топлата бања.

7. Не вежбате редовно

Спортот ги оформува и тонира мускулите кои го држат вашиот грб. Кога не вежбате доволно, тие се вкочанети и слаби, а ‘рбетните дискови се деформираат. Вежбите кои ги зацврстуваат грбот и стомакот, се најдобар избор за оние кои имаат болки во грбот.

8. Јадете премногу нездрава храна

Не е за изненадување, дека внесот на висококалорична храна, со малку хранливи материи, доведува до зголемување на телесната маса. Зголемената тежина, исто така негативно влијае врз вашиот грб. Вишокот тежина околу стомакот, ја повлекува карлицата нанапред, што создава напнатост во грбот. Лицата со прекумерна тежина имаат зголемен ризик од остеоартритис. Намалувањето на барем 5-10% од вашата телесна тежина, може да ја подобри состојбата со вашиот грб.

8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар