8 лежерни дневни комбинации кои вреди да ги „ископирате“ овој месец

Признајте дека би било баш сјајно ако на почетокот од секоја недела добиваме план за облекување во текот на целата недела и едноставно секое утро би биле мирни и спремни навреме. Вака, секое утро се будиме со голем прашалник над главата, а плачливиот глас во нас очајно бара решение што да облечеме за тој ден. Можеби нема да можете да си го обезбедите сето ова, но ние можеме до некаде да ви помогнеме. Токму затоа и издвоивме неколку занимливи, а лежерни модни комбинации кои можете да ги прилагодите на вашиот стил и вкус. Па, да започнеме!

0-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

1. Бела блуза и бели патики има секоја од нас, зар не? Уште подобро е блузата да има некој впечатлив дизајн. Понатаму, потребни ви се лежерни, црни панталони со трегери, но повторно, моделот и бојата можете да ги прилагодите според вашиот гардеробер. „Зачинот“ кој исто така ни е потребен е голема чанта во која не само што ќе го спакувате сето она што ви е потребно, туку ќе ви помогне и во непредвидените планови, како што е на пример, шопингот. Еј, па кој уште одбива шопинг? За жал, одамна стана доволно ладно, па преку блузата мораме да облечеме нешто топло, а секако наш предлог е незаменливата кожна јакна.

1-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

2. Широките фармерки кои се инспирирани од моделите за мажите се доста популарни во последно време, но доколку не можете да ги позајмите оние од вашиот брат или момче, тогаш пронајдете стари, добри фармерки кои ги носела вашата мајка. Веќе знаете, тогаш гардеробата била сосема друга приказна, а не постои мајка која не сочувала барем нешто за својата ќерка. Заедно со тој ретро момент совршено ќе се сложи бела кошула во сличен стил, а доколку сакате да се истакнувате, изберете ја онаа со занимлив крој. За урбан изглед, добро ќе ви дојадат патики и некоја интересна чанта.

2-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

3. Од глава до пети во боја по ваш избор е добра одлука доколку сакате да изгледате класично, но сепак стилизирано, бидејќи овој тренд никогаш не излегува од мода. Сепак, за да не изгледате досадно, изберете впечатлива боја и бидејќи е есен, изберете некоја типична нијанса за ова годишно време. Ѕвонарките се повторно во мода, па можете да ги комбинирате со едноставна блуза или ролка и топлата јакна со крзно.

3-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

4. Тесните фармерки се одличен доказ дека изгледаме во добра форма. Затоа, нема да ги оставиме ниту сега, а тие одлично може да се комбинираат со парчиња облека кои се нивна спротивност. Значи, нешто лежерно, широко… Одберете која било таква блуза или кошула и вовлечете ја во фармерките, а кратките чизми до глуждовите се задолжителни.

4-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

5. Слични модели на блуза и чизми можете да носите и со мини тексас или кожно здолниште кои се особено популарни во последно време. А, доколку не сте зимурливи, еве ви атрактивна и тренди комбинација за секој ден. Секако, не заборавајте на модните додатоци!

5-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

6. Некои модни експерти го најавуваат големото враќање на тренерките, а ќе признаете дека ваква тренди тренерка немавме до сега! Доволно лежерна за да ни биде удобна, но исто така доволно светкава за да ни биде атрактивна. Па сјајно! Патики за трчање во некоја силна боја и впечатлива чанта со интересен дизајн се одличен спој на неспојливото. Оваа комбинација е наменета само за храбрите девојки.

6-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

7. Носете ја беж бојата како вистинска модна блогерка – од глава до пети, со детали кои ја разбиваат монотонијата, како што се каишот и обувките. Повторно имаме панталони со висок струк кои се инспирирани од машкиот стил и голем, широк џемпер кој модерно е вовлечен во панталоните. Лежерна, а стилска комбинација која ќе ја обожаваме овој месец.

7-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

8. И за крај, уште еден спој на неспојливото, макар на прв поглед. Фустан со необичен дизајн и занимлив крој во комбинација со чизми со „откачен“ дизајн кои само на прв поглед не функционираат едно со друго. Сепак, кога ќе погледнете малку подобро, ова и не е така лошо, но сепак треба да нагласиме – оваа комбинација не би можел секој добро да ја носи.

8-8-lezherni-dnevni-kombinacii-koi-vredi-da-gi-iskopirate-ovoj-mesec-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар