8 квалитети кои ќе ве издвојат од останатите околу вас

Ако постојано се чувствувате како да сте дел од некоја животна трка, не се лажете. Секојдневно се тркате за подобар живот, за партнер, за работа, за подобра плата итн. За да успеете да победите во неа потребно е да ја истрчате, но и да ја совладате конкуренцијата. Затоа треба да поседувате одредени квалитети кои ќе направат да се издвојувате од оние околу вас и да бидете подобри од нив.

8 квалитети кои ќе ве издвојат од останатите околу вас

1. Приспособливост


„Мудриот човек се приспособува на околностите како што реката се приспособува на коритото.“ – стара кинеска поговорка

Луѓето низ историјата постојано се приспособувале на околностите, затоа и сè уште постои нашиот вид. Ние денес се соочуваме со многу помали предизвици на кои треба да се приспособиме, а малкумина се доволно флексибилни за да се издвојат од другите. Затоа оваа особина може далеку да ве однесе.

2. Учење


„Живеј како да треба утре да умреш. Учи како да треба вечно да живееш.“ – Ганди

Имајте отворен ум и учете сами. Набљудувајте го светот и поставувајте прашања за она што не ви е јасно. Немојте да бидете една од оние личности која мисли дека знае сè и дека ја сфаќа реалноста подобро од кој било друг.

8 квалитети кои ќе ве издвојат од останатите околу вас

3. Скромност


„Нема ништо благородно во тоа да бидеш супериорен во однос на соговорникот. Благородно е да бидеш супериорен во однос на твоето поранешно ’јас’.“ – Ернест Хемингвеј

Никој не сака да ги слуша другите како се фалат за своите успеси. Тие изгледаат како да бараат внимание за себе и признание за она што го сториле. Луѓето не се привлечени од оние кои се само надарени за нешто, туку од оние кои остануваат скромни и покрај својата надареност.

4. Амбиција


„Интелигенцијата без амбиција е како птица без крилја.“ – Салвадор Дали

Не е доволно само да сте паметни. Мора да знаете како да го искористите својот памет, а мора да имате и амбиција да го направите тоа. Апатијата е голем непријател. Бидете амбициозни, негувајте ја желбата да ги совладате предизвиците на патот и успехот нема каде да побегне.

5 . Барајте помош


„Талентот добива натпревари, но интелигенцијата и тимската работа освојуваат првенства.“ – Мајкл Џордан

Немојте да мислите дека сè можете да постигнете сами. Многу ќе се издвоите од конкуренцијата ако сфатите дека за некои работи ви треба помош. Гордоста не е одлика на победниците.

8 квалитети кои ќе ве издвојат од останатите околу вас

6. Трпеливост


„Трпеливиот може да постигне што и да посака.“ – Бенџамин Френклин

Патот до успехот е долг. Секој обид да го скратите само ќе ве врати на почетокот. Бидете трпеливи затоа што ништо не се постигнува на сила.

7. Бидете свои


„Никој не може да ве понижи без ваша согласност.“ – Еленор Рузвелт

Не дозволувајте другите да ви кажуваат колку сте успешни според нивните лични критериуми. Вие си имате ваш поглед на животот, сопствени вредности и така формирате свој став.

8. Оптимизам


„Јас во основа сум оптимист. Да се биде оптимист значи главата да биде свртена кон сонцето додека нозете се движат напред.“ – Нелсон Мандела

Негативноста е бескорисна. Нема никаде да ве однесе освен во некое скришно катче каде што ќе се самосожалувате за тешкотиите. Останете позитивни затоа што успехот не е вечен. Има и моменти кога нема да биде лесно, но ако еднаш ви одело, и повторно ќе ви оди.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар