8 корисни начини да го употребите лимонот

Лимонот спаѓа во групата цитрусни овошја, заедно со портокалот, мандарината, зелениот лимон, цитронот и клементината. Овен што е богат со витамин Ц (88%), тој содржи и Б витамини, калциум, железо, магнезиум, фосфор  и др. Лимонот е одличен за вашето здравје, бидејќи прави детоксикација на организмот, го зајакнува имунолошкиот систем, помага при намалување на килограмите, ги прочистува мочните патишта, ја намалува главоболката доколку капнете неколку капки во вашето утринско кафе и што ли уште не. Се користи како состојка во многу рецепти, но има и други многу корисни начини да го употребите во вашето секојдневие.

8 корисни начини да го употребите лимонот

1. Го отстранува првутот од косата

Лимонот ефикасно ќе се бори против првутот во вашата коса, доколку нанесете природно исцеден сок на главата и го оставите да постои неколку минути, пред да започнете со шампонирање. Прво, убаво исплавете ја косата со чиста вода и потоа посипете ја со раствор од две супени лажици лимонов сок измешани во 450 мл вода. Третманот е потребно да го повторувате секој втор ден, сè додека првутот не исчезне.

8 корисни начини да го употребите лимонот

2. Ги отстранува митесерите од лицето

Сте знаеле ли дека лимонот може да ви помогне да се ослободите од досадните митесери на вашето лице? Пред легнување в кревет, со свежо исцеден лимонов сок премачкајте ги деловите на лицето каде што имате митесери. Преспијте ја вечерта со лимоновиот сок на вашето лице, а наредното утро измијте го со ладна вода. Повторувајте го третманот секоја вечер, додека не забележите значително подобрување на вашата кожа.

8 корисни начини да го употребите лимонот

3. Ја смирува кашлицата

Ако помешате 200 мл мед, со 100 мл маслиново масло и 4 супени лажици лимонов сок и потоа ја загреете добиената смеса 5 минути, притоа енергично мешајќи со лажица, ќе добиете домашен лек против кашлица и тешкотија со дишењето. Од добиениот лек, можете да сркате по 1 лажица на секои 2 часа.

4. Ја осветлува бојата на косата

Лимоновиот сок е исто така интересен природен препарат за осветлување на бојата на косата. За таа цел, растворете 50 мл свежо исцеден сок, во 200 мл вода и нанесете го на вашата коса. Овој трик ќе има поголем ефект, доколку растворот го нанесете на коса, непосредно пред да излезете на силна сончева светлина.

8 корисни начини да го употребите лимонот

5. Маникир во домашни услови

Можете да ги зајакнете вашите нокти и да ја освежите и осветлите нивната боја, доколку ги киснете 10 минути во лимонов сок. Потоа, исчеткајте ги со раствор, кој ќе го направите од еднакви количини бел оцет и топла вода. На крајот, убаво исплакнете ги ноктите. Ќе бидете изненадени од добиените резултати.

8 корисни начини да го употребите лимонот

6. Отстранува дамки од мастило

Ако ви капне мастило на вашата облека, врз дамката нанесете лимонов сок. Потоа, ставете ја облеката во машина за перење на пониска температура, употребувајќи го вашиот детергент за перење или отперете ја на рака. Овој трик, можете да го употребите и за отстранување дамка од мастило од тапациран мебел, но само доколку потоа можете убаво да го исплавите лимоновиот сок.

7. Ја чисти и деодоризира микробрановата печка

Во еден сад (отпорен на високата температура) ставете 250 мл вода и 4 супени лажици лимонов сок. Турете го во микробрановата печка на висока температура и оставете го лимоновиот сок да си повари најмалку 5 минути. Откако ќе заврши прочистувањето со лимонов сок, капките пареа кои ќе се создадат по ѕидовите од печката, можете да ги исчистите со чиста крпа.

8 корисни начини да го употребите лимонот

8. Ги деодоризира даските за сечкање храна

Доколку ја имате користено вашата кујнска даска за сечење лук, кромид или риба и не можете да го извадите мирисот кој навлегол во неа, едноставно прелијте ја со лимонов сок. Совет: не користете дрвена даска за сечкање зеленчукови плодови, поради хигиенски причини.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар