8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

Повеќето денови можеме тотално да се извлечеме носејќи ја нашата најудобна модна комбинација, како на пример, фармерки и широка маичка, но кога станува збор за посебни прилики, каде што со сигурност ќе има фотосесија, ви треба облека што ќе ве издвои во објективот! За таа цел ви ги издвојуваме следниве модни комбинации кои не можат да ве разочараат пред блицовите.

1. Сако + Панталони со широки ногавици + Шпиц високи потпетици

(1) 8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

Панталоните со широки ногавици изгледаат чудесно на фотографиите бидејќи овозможуваат контраст на вашиот струк, правејќи го да изгледа многу потесен. Шпиц штиклите ќе ви ги издолжат нозете, додека пак, струкираното сако дополнително ќе ви ја дефинира силуетата.

2. Долг капут + Фармерки во форма на ѕвоно + Марама

(2) 8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

За разлика од вашите омилени тесни фармерки, овој модел визуелно ќе ви ги намали колковите, додека истовремено ќе ви ги истенчи и нозете. Особено ако ги одберете во потемна нијанса. Капутот дополнително ќе ви ги истакне најдобрите атрибути, а марамата ќе го насочи целото внимание кон вашето прекрасно лице.

3. Џемпер во форма на ролка + Рамни фармерки + Чизми со високи потпетици

(3) 8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

Додајте волумен во горниот дел, а намалете го надолу. Ова е најдобриот рецепт за да изгледате послабо на целосните снимки. Само запомнете да одберете фармерки со висок струк за да добиете подефинирана фигура. Чизмите имаат декоративна улога, за да ве издвојат од останатите.

4. Широка блуза + Лелеави панталони + Сандали со боја на кожа

(4) 8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

Време е да ги извадите лелеавите панталони доколку сè уште не сте го сториле тоа. Овој широк модел со куси ногавици прави чуда за вашиот струк и ве издолжи на камера. Пролетниот ветер ќе овозможи филмски ефект, додека пак сандалите ќе му дадат топла нота на целиот изглед.

Преминете на следната страница за останатите модни комбинации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар