8 есенцијални масла за променливо расположение кои ќе ја вратат рамнотежата во вашиот живот

Есенцијалните масла за многумина не се најочигледното нешто за релаксирање, но тоа треба да се промени. Тие не само што прават вашата соба да мириса прекрасно, туку од нив има многу здравствени придобивки кои можете да ги почувствувате само со нанесување 1-2 капки на вашите зглобови. Постојат дури и есенцијални масла за променливо расположение кои можат навистина да ве смират.

(1)8-esencijalni-masla-za-promenlivo-raspolozhenie-koi-kje-ja-vratat-ramnotezhata-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Есенцијалните масла можат да се употребуваат на многу начини, а секој вид си има и своја намена. Овие масла ќе ви помогнат да се ослободите од симптомите на анксиозност и депресија, ќе го смират вашиот нервен систем и ќе се справат со воспаленијата во вашето тело.

1. Лаванда

(2)8-esencijalni-masla-za-promenlivo-raspolozhenie-koi-kje-ja-vratat-ramnotezhata-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Маслото од лаванда е едно од најпопуларните. Познато е дека ги намалува симптомите на депресија, стрес, анксиозност, па дури и симптомите на посттрауматскиот стрес. Лавандата помага во спиењето, па е одлична за луѓето кои страдаат од несоница. Неколку капки масло од лаванда е сè што ви е потребно за да се чувствувате подобро.

2. Нане

(3)8-esencijalni-masla-za-promenlivo-raspolozhenie-koi-kje-ja-vratat-ramnotezhata-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Есенцијалното масло од нане има магична моќ да ве разбуди кога тоа ви е најпотребно. Можете да го ставите во сад за горење есенцијално масло, или пак да нанесете неколку капки на вашата кожа. Ако се чувствувате лошо, употребете го ова масло кое ќе ве расположи и ќе ви ги исчисти мислите.

3. Сандалово дрво

(4)8-esencijalni-masla-za-promenlivo-raspolozhenie-koi-kje-ja-vratat-ramnotezhata-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Маслото од сандалово дрво има смирувачки и терапевтски ефект. Покрај тоа мириса прекрасно. Ова есенцијално масло ги спречува и воспаленијата, а може да намали и некои болки. Ако сте имале лош ден, маслото од сандалово дрво ќе се погрижи да се чувствувате подобро.

4. Ванила

(5)8-esencijalni-masla-za-promenlivo-raspolozhenie-koi-kje-ja-vratat-ramnotezhata-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Слично како нането, така и ванилата спаѓа во аромите кои или ги сакате или не можете да ги поднесете. Маслото од ванила може дури и да воспостави рамнотежа на вашите хормони, а ова има големо влијание на вашето променливо расположение.

5. Камилица

(6)8-esencijalni-masla-za-promenlivo-raspolozhenie-koi-kje-ja-vratat-ramnotezhata-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Есенцијалното масло од камилица се добива од цветот камилица, исто како и чајот. Ова масло е одлично во борбата против инфекциите и може да ги намали симптомите на депресија и да ве смири ако чувствувате гнев. Исто така го подобрува здравјето на нервниот систем. Без разлика дали пиете чај од камилица, или ќе нанесете неколку капки масло на вашата кожа, тоа сигурно ќе го опушти вашиот ум и ќе ви помогне со концентрацијата.

6. Јојоба

Jojoba oil, seeds and leaves

Маслото од јојоба е чудотворно за вашите кожа и коса. Одлично е за справување со инфекции и акни, а го навлажнува и вашиот скалп. Исто така може да ги ублажи болките предизвикани од ревматизам и артритис. Обидете се да го комбинирате маслото од јојоба со пенлива купка за вистински да се релаксирате после напорниот ден.

7. Еукалиптус

(8)8-esencijalni-masla-za-promenlivo-raspolozhenie-koi-kje-ja-vratat-ramnotezhata-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Растението еукалиптус одамна се користи во медицината, па не е ни чудно што маслото од него е одлично за вашите ум, тело и душа. Кога имате вртоглавица, вдишете малку од маслото и веднаш ќе се чувствувате подобро. Маслото може да се користи и за отстранување непријатни миризби, чистење на вашите раце, како и за намалување на симптомите на настинка и грип.

8. Темјан

(9)8-esencijalni-masla-za-promenlivo-raspolozhenie-koi-kje-ja-vratat-ramnotezhata-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mk

Маслото од темјан е познато како „крал на есенцијалните масла“. Ова масло го подобрува вашиот имунитет и е одлично за навлажнување на вашата кожа. Покрај тоа, неговата арома е прекрасна и речиси сигурно ќе ви помогне да се релаксирате.

Погледнете и зошто е добро да користите есенцијално масло пред спиење.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар