8 ефективни совети како да го започнете денот

Автори: Кристина Шумадиева и Виктор Милевски

Секој има своја рутина како го започнува денот. Утрото е многу важен период, бидејќи како тоа ќе ви започне, најверојатно така ќе ви се одвива цел ден. Најголем процент од луѓето утрото го започнуваат со шолја кафе и ситен појадок, а потоа започнуваат веднаш да се припремаат за на работа, предавање, за пазарење и слично. Ова се неколку предлози на активности кои можете да ги направите штом ќе се разбудите, а кои можат да ви помогнат денот да го започнете во подобро расположение и со повеќе енергија.8 ефективни совети како да го започнете денот

1. Ослободете се од лошиот звук на алармот

Веројатно не постои нешто полошо од вознемирувачкиот звук на алармот. Можеби гласниот звук е ефективен при будењето, но сигурно не е пријатен. Наместо тоа ставете да ви ѕвони некоја пријатна песна, класична музика, а добра солуција се дури и звуци од птици.8 ефективни совети како да го започнете денот

2. Појдете на кратка прошетка или на џогирање

Можеби во нашата земја ова не се практикува многу, но сепак тоа е одличен начин да се започне денот. Тоа е одлична рутина која би можела да ви го промени текот на целиот ден, бидејќи може да бидете поенергични. Па затоа доколку имате време направете некоја вежба, повозете со се велосипед, појдете до најблискиот базен, теретана и слично и започнете го денот со некоја активност.
.

3. Брз туш

Повеќето луѓе практикуваат туширање навечер, за да заштедат време наутро и да се заштитат од ладното време во одреден период од годината. Сепак, можеби треба да пробате денот да го започнете со еден брз туш. Ќе се изненадите колку енергија може да внесе во вашиот ден. Ако ништо друго, со сигурност убаво ќе се расоните и ќе бидете свежи за новиот ден.8 ефективни совети како да го започнете денот

4. Избегнувајте вести

Наутро гледајте да ги избегнете вестите. Информирајте се за времето, состојбата на патиштата и за некои културни случувања во вашето опкружување. Со сигурност не сакате денот да ви започне со тешки политики, црна хроника или пак лоши вести од економијата.
.

5. Направете листа на задачи

Кои работи морате да ги завршите до утре? Имате планови за задутре? Што треба да сработите денес? Ако сфатите дека не сте продуктивни онолку колку што сакате да бидете, обидете се секое утро да правите листа со обврските кои морате да ги завршите до крајот на денот. Бидете разумни додека ја пишувате листата! Секако дека не можете да завршите сто работи во денот, но можете десетина.
.

6. Започнете го и завршете го денот со бакнеж

Нема ништо поубаво од започнување на вашиот ден со бакнеж. Ако живеете со партнерот/брачниот другар, бакнете го пред секое излегување од дома и дочекајте го со бакнеж кога ќе го видите попладне. Ако живеете со вашите родители бакнете ги в чело пред да излезете од дома. Ако имате деца/милениче, бакнете ги нив. Нели е прекрасно на почетокот и крајот од секој ден да знаете дека има некој во вашиот живот кој безрезервно ве сака? Тоа на некој начин, ја дава смислата на нашето постоење.8 ефективни совети како да го започнете денот

7. Немојте да заборавите да појадувате

Сигурно мајка ви секогаш ви кажува дека доручекот е најважниот оброк во денот. Не избегнувајте го, без разлика колку и да брзате за на факултет/работа. Секогаш имајте корнфлекс, мусли или овошје во кујната за да можете барем набрзина да каснете ако немате многу време наутро, но немојте да го прескокнувате овој оброк, бидејќи потребен им е на вашето тело и мозок.8 ефективни совети како да го започнете денот

8. Пронајдете инспирација

Си велите: „Во ред. Доручкував, се истуширав, ги исполнив денешните обврски, ги бакнав најблиските и сега што да правам?“ Одговорот е дека најверојатно ви треба малку инспирација во денот. Размислете што треба да сторите за да имате нешто што ќе ве турка низ денот и ќе ви даде доволно мотивација за наредниот? Дали е тоа некоја добра книга која одамна се спремате да ја купите или пак некоја ТВ серија која секогаш ја заспивате или пак можеби сакате да отидете на кафе со слаткото момче/девојка кој/а неодамна го/ја запознавте на автобуската станица?

Наоѓајте некоја мала инспирација секој ден и ќе бидете изненадени колку пријатно ќе ви биде вашето секојдневие и со задоволство ќе станувате кога ќе ви заѕвони алармот наутро.

Кои работи се дел од вашата утринска рутина? Што е она кое ве турка низ напорниот ден?

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. А. Стоименов Reply

    Добро би било и едно утринско кафе.

Остави коментар