8 едноставни трикови кои можеби ќе ви го спасат животот еден ден

Статистички докажано е дека живееме во еден од најмирните периоди во историјата на човештвото. И покрај тоа, светот е сѐ уште опасно место за живеење. Од таа причина, добро би било да ги погледнете следниве 8 едноставни трикови кои ќе ја зголемат вашата безбедност…

1. Клучеви, пари и полна батерија на телефонот

8 едноставни трикови кои можеби ќе ви го спасат животот еден ден

Секогаш треба да ги имате овие работи кога излегувате, без исклучоци.

Зошто е ова важно? Добро е да можете да се јавите некому за да си обезбедите превоз до дома во доцните вечерни часови. Освен тоа, вашиот мобилен телефон можеби ќе спаси нечиј живот, бидејќи ќе можете да повикате помош доколку има потреба за тоа. Батеријата на телефонот секогаш треба да ви биде полна!

2. Извинете се ако се судрите со некого

8 едноставни трикови кои можеби ќе ви го спасат животот еден ден

Дури и да не сте вие виновни за судирот со некој човек на улица, кажете „Извинете“ и продолжете понатаму,

Зошто е ова важно? Не можете да знаете на кого ќе налетате. Човекот што сте го удриле можеби носи оружје или е пијан и дрогиран. Можеби е многу лут и вознемирен. Обичното извинување може да ве спаси од непотребни неволји.

3. Секогаш наоѓајте барем по 3 излези

8 едноставни трикови кои можеби ќе ви го спасат животот еден ден

Без разлика дали одите на концерт, на железничка станица или на училиште, секогаш барајте најмалку 3 можности за излез. Ова може да биде лесен или тежок предизвик. Погледнете го просторот околу вас и ако има само една врата, обидете се да најдете барем уште 3 излези за надвор, како на пример големи прозорци.

Зошто е ова важно? Ако се случи нешто лошо, ќе биде предоцна за да барате излез. Но, ако веќе сте ги нашле и запамтиле излезите од претходно, ќе можете веднаш да се придвижите кон нив без размислување.

4. Барајте го „лошиот човек“ во толпата

8 едноставни трикови кои можеби ќе ви го спасат животот еден ден

Оваа забавна игра може да ви го спаси животот. Кога има многу луѓе околу вас, добро погледнете ги сите. Кој од нив ви изгледа нервозен, лут или исплашен?

Зошто е ова важно? Нашата интуиција многу ретко греши. Ако некој ви се чини опасен, тогаш најверојатно тоа е навистина така. Обидете се да се држите понастрана од тие луѓе.

Продолжете на следната страница за да ги прочитате и останатите трикови за безбедност…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар