8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат совршените жени

8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат совршените жени

Постојат милион причини зошто луѓето се осамени. Дали познавате некоја прекрасна девојка која е секогаш сингл? Некои од нив поминуваат години барајќи вистинска љубов, но без никаков успех. Многумина веруваат дека таквите жени не би требало да имаат проблем, но се случува спротивното. Прочитајте зошто совршените жени се секогаш сами…

8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат совршените жени

1. Не им треба никој

Модерните жени се силни и самоуверени. Не им треба машка заштита. Следнава приказна совршено опишува како таквите девојки ги одбираат нивните партнери:

„Другарка ми има 25 години. Таа е многу фина девојка, паметна, образувана, убаво се облекува и има одлична работа. Таа обожава да го поминува времето со нејзините пријатели во барови и на концерти. На момците многу им се допаѓа, но и покрај тоа, таа е сѐ уште сингл. Зошто? Затоа што размислува со ладна глава и точно знае кој треба да биде со неа. Никогаш не би започнала нова врска само за да не биде сама или само за да проба. Токму затоа, поголемиот дел од мажите ја добиваат етикетата ’отфрлени’ или уште на прв поглед или по првиот љубовен состанок.“

2. Не сакаат да си го губат времето

Паметните и софистицирани жени многу брзо донесуваат одлуки. Ако не можат да се замислат со мажот во брак, веднаш прекинуваат. Врската треба да има крајна дестинација и ако не оди никаде, тогаш таа е само залудно губење време. Токму затоа многу девојки во 30-тите веќе биле омажени, разведени се, имале деца и почнале да ја планираат втората свадба, додека, пак, некои не даваат зелено светло ниту на првиот состанок.

3. Страдаат од нивните лични измислени комплекси

За жал, измислените комплекси се многу чести. Полничките девојки без проблем носат хеланки со леопардски дизајн и се чувствуваат пријатно, додека високите девојки со тенки нозе не се осмелуваат да облечат мини здолниште. Зошто е тоа така? Сѐ зависи од самодовербата и жените треба да научат како да си ја зголемат.

4. Не сакаат да стапат во брак

Многу мажи признаваат дека сакаат да најдат жена која ќе се грижи за нив и за работите во домот. Не сакаат жена која ќе бара внимание секогаш кога ќе излезат. Некои жени едноставно не можат да се замислат себеси во таква улога.

8 едноставни причини зошто мажите ги одбегнуваат совршените жени

5. Премногу се фокусираат на нивната осаменост

Ако уште на првиот љубовен состанок девојката го покаже невестинскиот фустан што сака да го облече, почне да го планира медениот месец или се обиде да го импресионира дечкото со искреноста околу нејзината операција на цистата на јајниците, првиот љубовен состанок ќе биде и последен. Таквите жени премногу се трудат и делуваат очајно. Премногу сакаат да се омажат, но во суштина се обидуваат да се извлечат од нивната осаменост. Тоа е многу очигледно и ги плаши мажите.

6. Нивната убавина привлекува погрешни мажи

Убавите жени честопати се сингл. Нивната убавина привлекува идиоти, додека фините и скромни мажи се плашат од таквите жени. Следнава приказна го докажува тоа:

„6 месеци по дипломирањето запознав женет маж. Станавме пријатели, но секогаш чувствував посебна врска помеѓу нас. Еден ден тој ми призна дека студирал на истиот универзитет и дека бил заинтересиран за мене во тој период. Кога го прашав зошто не презел нешто во врска со тоа, тој ми го одговори следново ’Изгледаше многу недостапно, беше најубавата девојка на целиот универзитет. Знаев дека ги одбиваш дури и најпопуларните момци, па како би можел да се натпреварувам со нив? Мислев дека нема ни да ме погледнеш.’“

7. Се плашат

Со тоа што ги игнорираат сите можности, жените можат ненамерно да ја пропуштат „вистинската“ личност. Тие мислат дека ќе знаат дали се работи за вистинскиот веднаш штом ќе го погледнат, но работите не одат така. Врските се засноваат на обиди и грешки и жените не би требало да се плашат од тоа.

8. Уште една илустративна приказна

„Бившата на мојот сопруг беше совршена. Таа беше убава и паметна и нејзината животна цел беше многу инспиративна. Тој велеше дека не му била симпатија, туку дека бил лудо вљубен во неа. Тоа ме убиваше. Се измачував себеси со едно просто прашање ’Што гледа во мене?’. Веднаш пред нашата свадба, му го поставив прашањето. Тој ги подигна рамената и ми одговори: ’Беше комплицирано, бидејќи таа беше премногу совршена. Земи нѐ нас за пример. Ние се будиме рано, но ако сакаме да останеме во кревет до пладне или да ги оставиме валканите садови до креветот, ќе го направиме тоа. Знаеме дека нема да ни се случи ништо лошо. Но, таа мораше сѐ да прави совршено. Беше голем перфекционист. Па, затоа си реков ’Не, благодарам!’“

Очигледно е дека на совршените жени им е потешко одошто мислиме. Ретки се мажите кои собираат храброст да им се приближат и да го направат првиот чекор. Но, постојат и такви кои се доволно самоуверени за да го освојат нивното срце, сѐ што треба да направат девојките е да се отворат и да им дадат шанса.

Во продолжение прочитајте зошто силните жени ги плашат луѓето околу нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар