8 цврсти докази дека вашиот партнер воопшто не ве цени

8 цврсти докази дека вашиот партнер воопшто не ве цени

Дали во последно време чувствувате дека вашиот партнер се сменил? Повеќе не ве опсипува со љубов и внимание како што го правел тоа претходно. Секако дека можеби е презафатен или веќе подолго време сте во врска, па почетната страст исчезнала, но сепак не треба да ѝ прогледате низ прсти на ваквата промена во однесувањето. Ако го препознаете вашиот партнер во следниве неколку точки, тогаш време е да свртите нов лист, бидејќи тој очигледно не ве цени толку колку што би требало…

8 цврсти докази дека вашиот партнер воопшто не ве цени

1. Нема време за вас. Но, секогаш наоѓа време за други луѓе и ги откажува вашите планови за да се дружи со нив.

2. Никогаш не ви се заблагодарува. Го сакате и се обидувате да му угодите така што се грижите за него, му ги приготвувате омилените јадења, ги исполнувате неговите желби, но тој никогаш не ви се заблагодарува за тоа. Тоа е така затоа што тој не заслужува кралски третман.

3. Не бара совети од вас. Кога донесува одлуки, тој никогаш не бара ваше мислење, дури ни тогаш кога одлуките би можеле да влијаат на вашата врска.

4. Не го интересира вашето мислење. Вие имате право на глас за сѐ што се однесува на вашата врска, но тој ги занемарува вашите ставови и не ве прашува за мислење.

5. Прави планови без вас. Само што дошол дома и ви вели дека треба да одите на вечера со неговите пријатели, а не ви се јавил за да ве праша дали имате време и дали воопшто сакате да излегувате. Тоа значи дека не само што не ве цени вас, туку не го цени ниту вашето време. Тој смета дека секогаш треба да бидете достапни за него.

6. Мрзлив е. Сите домашни обврски ви ги препушта вам и не му ни паѓа на памет да ви помогне. Во секоја здрава врска обврските се преполовуваат.

7. Мисли дека сте добиле џекпот со тоа што го имате него како партнер. Цело време се фали колку е тој прекрасен и смета дека треба да сте благодарни за тоа што сте со него. Верувајте дека има многу подобри мажи, а вие заслужувате еден од нив.

8. Ве изневерува. Ви треба ли поцврст доказ од овој? Веднаш свртете нов лист и продолжете понатаму.

Прочитајте и како да препознаете дали караниците во љубовната врска се знак дека треба да раскинете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар