7 знаци на предупредување дека си имате работа со злобен човек

7 знаци на предупредување дека си имате работа со злобен човек

Иако секогаш се обидуваме да ја гледаме светлата страна на работите, вистината е дека секојдневно се случуваат многу лоши работи во светот. Честопати нѐ повредуваат и разочаруваат луѓето коишто би требало да се грижат за нас. Станува збор за оние што се навидум љубезни, но ве озборуваат позади грб. Таквите луѓе се подготвени да направат сѐ за да ве уништат, без никаква особена причина. Следниве 7 знаци ќе ви помогнат да откриете дали некој човек е злобен или не…

7 знаци на предупредување дека си имате работа со злобен човек

1. Ги извртуваат фактите

Секогаш ги кажуваат работите на малку изместен начин. Ако им дадете некаква информација, тие ќе ја извртат во нешто сосема спротивно.

2. Ги доведуваат луѓето до заблуда

Тие ќе ве убедат да го мислите спротивното од она што навистина се случува. Лошите ситуации ги прават уште полоши. Нема да можете да победите во битката со зол човек.

3. Многу лажат

Сѐ што прават е лага, бидејќи злобните луѓе се компулсивни лажговци. Ако не можат да ги добијат фактите што им требаат, ќе измислат нешто. Овие луѓе постојано шират ужасни и невистинити гласини.

4. Одбиваат да преземат одговорност за нивните постапки

Тие никогаш не преземаат одговорност за нивните постапки. Секогаш предизвикуваат проблеми, а не сакаат да се извинат. Никогаш нема да ги исправат нивните грешки.

5. Немаат грижа на совест поради работите што ги прават

Не им е гајле дали ќе ве повредат или не, бидејќи тие ќе сторат сѐ за да го добијат она што го сакаат. Нема да се двоумат дали да ви го уништат животот, ако тоа им помогне да си ги остварат желбите.

6. Изоставаат важни информации

Злобните луѓе честопати изоставаат информации за да направат да се чувствувате лошо. На пример, ако се случило нешто лошо, но веднаш потоа се случило нешто убаво, тие ќе ви ја кажат само лошата вест. Тие се способни да сокријат многу важни информации од вас.

7. Ја негираат реалноста

Тие го гледаат само тоа што им одговара, бидејќи нивната реалност се разликува од онаа на останатите. Никогаш не ги прифаќаат работите онакви какви што се.

Нема место во вашиот живот за злобни луѓе. Заслужувате некој кој нема да ве искористува, кој ќе ви ја кажува целата вистина и нема да крие важни информации од вас. Не прифаќајте ништо помалку од тоа!

Во продолжение дознајте кои се 5-те особини што ги крие лошото срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар