7 знаци дека тој е заљубен во вас

7 знаци дека тој е заљубен во вас

Експертот за врски и состанување, Метју Хасеј, ги открива тајните знаци со кои можете сигурно да откриете дали личноста со која сте во врска е лудо заљубена во вас. Погледнете…

7 знаци дека тој е заљубен во вас

1. Тој ве погледнува во очи за време на сексуален однос

Кога мажите имаат секс со личност во која се заљубени, тие поотворено се изразуваат преку долгите бакнувања и контактот со очите. Сексуалниот однос во овие моменти станува многу повеќе од задоволство, тој се претвора во начин на кој тој се чувствува поблиску до вас.

2. Тој ја води врската напред

Кога мажите се чувствуваат вистински заљубено, тие се чувствуваат и сигурно. Ова значи дека вашиот партнер ќе заборави на својата фобија од обврски и ќе најде начин на кој ќе направи да бидете уште поблиску до него. Сите знаци кои укажуваат на фактот дека планира заедничка иднина за вас двајца се сигурен знак дека тој се чувствува посветено на вас.

3. Тој знае да биде нежен и топол

Дури и најсилните мажи имаат нежни моменти кога се заљубени. Доколку тој навистина е заљубен во вас, ќе забележите дека ќе ги зголеми физичките гестови како прекратките и бакнежите, но и ќе стане позаштитнички настроен кон вас во јавноста.

4. Тој едвај ќе чека луѓето во неговиот живот да ве запознаат

Кога мажите се чувствуваат сигурно во една љубовна врска, тие сакаат ова чувство да го споделат со сите. Токму затоа вашиот партнер ќе сака да ве запознае со неговите пријатели и фамилија и да им покаже зошто ве сака толку многу.

5. Тој ќе сака да го поминува поголемиот дел од неговото слободно време со вас

Ќе знаете дека работата станува сериозна кога ќе забележите дека тој го адаптира своето слободно време така што да може да поминува повеќе време со вас. Доколку почне да ве вклучува во неговите секојдневни рутини, тогаш тоа е голем знак дека тој сака да бидете дел од неговиот живот и во иднина.

6. Тој навистина ќе сака да ги прави оние работи кои вас ве прават среќни

Мажот кој е навистина заљубен во вас ќе сака да ве гледа весела, среќна и насмеана. Токму затоа наместо да ги гледа како обврска, ќе научи да ги сака оние работи кои вие ги сакате, без разлика дали станува збор за вашето омилено утринско кафе или одење на концерт на вашиот омилен бенд. Кога тој е отворен за оние нешта кои вие ги сакате и се труди да ги оствари, тоа е сигурен знак дека тој ја чувствува вашата љубов и сака истата да ви ја возврати.

7. Тој ви вели дека размислува за вас

Многу едноставно, ако вашиот партнер ви каже дека често помислува на вас, тоа значи дека ве гледа како голем дел од неговиот живот. Доколку успеете да влезете во неговата глава, тоа значи дека сте многу блиску и до неговото срце.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар