7 знаци дека сте на работ да бидете изиграни

Мислите дека некој си игра со вас? Тогаш најверојатно и сте во право. Без разлика дали сте играчот или изиграниот, уште во самиот почеток на оваа игра има прилично очигледни знаци. Понекогаш дури не мора ни да се трудите да ги најдете, тие сами ќе ви паднат во очи. Па, доколку се сомневате дека нешто не е во ред, погледнете ги следниве 7 сигурни знаци дека некој си игра со вас…

7 знаци дека сте на работ да бидете изиграни

1. Мобилен телефон

Еден од најсилните знаци дека не сте единствената личност во животот на вашиот партнер може да биде неговиот/нејзиниот мобилен телефон. Дали мислите дека е случајност тоа што мобилниот на вашиот партнер е постојано без звук и насочен надолу? Грешите. Постои причина зошто вие не можете да го видите, најдете или слушнете.

Точно, не е пријатно ако сте постојано на телефон додека сте во друштво на друга личност, но доколку се оди и во другата крајност, тогаш повторно е малку сомнително. Особено ако тој или таа, кога сте заедно, воопшто не го испушта од своите раце, па го носи со себе дури и во тоалет. Од друга страна пак, ако побарате од него/неа да го разгледате, тие сигурно би смислиле мал милион причини зошто токму во овој момент не би можеле да го направите тоа.

2. Недостапност

Тој или таа не одговара на вашите пораки? Тоа не е ништо чудно сè додека не почне да се случува премногу често. Едно нешто е да сте неколку часа во денот премногу зафатени и да немате време ни да го погледнете вашиот телефон, но нешто сосема друго е доколку овие часови се претворат во денови. Во оваа ситуација, големи се шансите дека тој или таа со сигурност своето време го посветуваат на нешто или некого за кои не би сакале вие да дознаете.

Од друга страна пак, ако личноста едноставно веќе не е заинтересирана за вас, а е тип на човек кој избегнува конфронтации и било какви сериозни разговори, тогаш големи се шансите дека наместо искрено признавање, тој/таа едноставно ќе престане да ви одговара на пораки и повици сакајќи индиректно да ви каже дека помеѓу вас веќе нема ништо.

3. Имате нешто што тој/таа сака

Сте забележале како некогаш луѓето се подготвени да кажат и направат сè само со цел да ве натераат да се почувствувате како да сте единствената личност на оваа планета за нив сè додека не го извлечат од вас она што го сакале? Токму затоа вие ќе го направите тоа што тој/таа ќе го побара од вас и наместо да добиете благодарност, ќе добиете крај на вашиот однос.

Кога оваа личност веќе не може ништо да добие од вас, тој или таа ќе ве турне од својот пат и ќе си продолжи понатаму, барајќи ја следната „жртва“. За нив вие сте ја завршиле вашата работа, па токму затоа и веќе не сте им приоритет.

4. Социјални медиуми

Треба ли да се каже нешто повеќе? Тој или таа повеќе се грижи за квантитетот отколку за квалитетот.

5. Премногу добро ве познава и тоа го искористува против вас

Се сеќавате како оваа личност порано сакала постојано да ве гледа? Тој/таа секогаш успевал/а да најде време за вас за да се видите, разговарате и да ви ги покаже сите други свои позитивни работи. Вие постојано добивавте пораки, понекогаш дури и за време на целиот ден и таман сте помислиле дека работите стануваат сериозни, одеднаш односот на оваа личност кон вас почнал да се менува.

На почетокот си мислите дека е малку чудно што не разговарате повеќе толку многу. Вие не чувствувате дека постои причина за тоа, па се убедувате дека станува збор за нормална промена. Но, ова намалување на контактите полека но сигурно се движи кон игнорирање и заборавање, па токму затоа и постојано ги намалувате вашите очекувања и стандарди. Проблемот е што оваа личност толку добро ве познава, што без разлика на тоа што ќе го направи, вие секогаш ќе паѓате на неговите/нејзините зборови и ќе му/ѝ опростувате и прогледувате низ прсти.

6. Преодна врска

Кој сака да биде сам доколку со години бил во врска? Па, размислете, дали вашиот нов партнер неодамна излегол од врска? Ако одговорот е позитивен, тогаш не треба да се чудите зошто тој или таа се малку оддалечени и не се препуштаат лесно. Со самото тоа што некој кој неодамна излегол од долга врска, веднаш влегол во нова, треба да знаете дека станува збор за преодна врска со која се надева да го/ја преболи бившиот/бившата.

Доколку и вие гледате моментална забава со оваа личност, тогаш останете во оваа врска. Но, ако сте заинтересирани за нешто повеќе, тогаш големи се шансите дека набрзо ќе бидете изиграни.

7. Интуиција

Ако чувствувате дека нешто не е во ред, тогаш големи се шансите дека сте во право. Луѓето понекогаш несвесно забележуваат ситници и знаци кои им укажуваат на одреден проблем кој не се подготвени да го прифатат на свесно ниво. Па, ако сте сомнителни без на прв поглед очигледна причина, тогаш би требало да погледнете малку подлабоко во вас.

Можеби ви звучи тешко, но ако сметате дека нешто не е во ред, треба да почнете да се слушате самите себеси. Тоа е единствениот начин на кој можете да почнете да откривате за што станува збор. Вие ги забележувате овие ситни знаци со причина, па ако им обрнете повеќе внимание тогаш со сигурност ќе откриете дали сте во право или не.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

  1. Ivan Reply

    Mi se dopaga nacinot na koj sto pisuvas :)

    • Моника Трајковска Reply

      Благодарам :)

  2. Kristina Reply

    Твојот пост искрено ме воодушеви, (ми ги отвори очите)за нешто што било завршено а сепак надевајќи се на спротивното.Поздрав

Остави коментар