7 знаци дека сте многу плодни и треба повеќе да внимавате на заштитата при сексуалните односи

Во тинејџерските години, најстрашната вест што можеме да ја чуеме е тоа дека некоја наша пријателка забременила. Во 20-тите години постојано зборуваме за заштита од несакана бременост. Но, како што старееме, почнуваме да се грижиме за нашата плодност и за тоа дали ќе можеме да забремениме. Па, како да знаете колку сте плодни? Постојат одредени знаци, како што се возраста и циклусот, што можат да ви откријат точно колку сте плодни. Во продолжение, прочитајте за што станува збор…

7 знаци дека сте многу плодни и треба повеќе да внимавате на заштитата при сексуалните односи

1. Вие сте во вашите рани 20-ти години

Според експертите, жените се најплодни во на возраст од 20 до 24 години. Но, со оглед на другите околности, врвот на плодноста не е ист за сите жени и може да се менува. Сепак, како што жените стареат, така нивната плодност постепено се намалува.

2. Имате редовна менструација

Сите жени треба да имаат барем делумно редовни менструации. Ако тоа не е така, тогаш можеби имате некаков проблем. Но, доколку добивате менструација истиот ден секој месец, тоа е знак дека сте плодни.

3. Имате предменструални симптоми

Доколку имате симптоми на ПМС тоа е знак дека вашето тело работи како што треба. Тоа значи дека сте плодни. Освен тоа, едно истражување објавено во „Еволуција и човечко однесување“ (Evolution and Human Behavior) открило дека жените малку „полудуваат“ за време на најплодните денови од месецот. Во тој период, постојат поголеми шанси да имаат секс за една вечер со непознат човек или да ги побараат бившите.

4. Имате добри гени

Многу жените сметаат дека нивната плодност зависи од тоа дали нивните блиски женски членови од семејството (мајка или сестра) имале проблеми да забременат. Некои ги интересира и дали имаат нормална плодност или натпросечна. За жал, тешко е да се процени колку сте плодни според фамилијарната историја.

5. Имате вагинален исцедок

Се верува дека зголемениот вагинален исцедок за време на овулацијата или редовниот менструален циклус е знак на нормална плодност или голема плодност. Но, експертите тврдат дека не постојат такви симптоми или знаци на зголемена или нормална плодност.

6. Не доживувате чести топлотни бранови

Жените кои доживуваат чести топлотни бранови што се случуваат на интервали помали од 24 дена, можеби се изложени на ризик од намален број и квалитет на јајце клетки и потпросечна плодност.

7. Влијаете на туѓите циклуси

Сигурно сте чуле дека девојките кои живеат заедно подолго време, со текот на времето почнуваат истовремено да добиваат менструација. Синхронизацијата на менструалните циклуси се случува поради феромоните. Ако вашите феромони се доволно силни, ќе влијаат на циклусите на другите жени, а тоа значи дека сте навистина многу плодни.

Доколку сакате да забремените, прочитајте ги следниве совети и исхрана за зголемување на плодноста.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар