7 знаци дека се присилувате да го сакате вашето момче

Присилувањето да сакате некого не е секогаш очигледно, а звучи и малку смешно. Но сепак ова се случува премногу често. Можеби мислите дека никогаш нема да ви се случи вам, но верувајте дека има големи шанси. Знаците е суптилни, па ако сте во врска каде што нешто не е како што треба, имајте ги следниве 7 работи на ум. Ако ве опишуваат, можеби и вие се присилувате да го сакате вашето момче.

7-znaci-deka-se-prisiluvate-da-go-sakate-vasheto-momche-kafepauza.mk

1. Дел од вас се надева дека ќе ви раскине

Кога се присилувате да го сакате вашето момче, не мора да значи дека постојано сте мизерни. Сигурно вашиот партнер има и добри страни. Но кога сте искрени кон себе, дел од вас се надева дека тој ќе ја прекине врската. Ова чувство не е нормално кај функционалните врски.

2. Се прашувате дали постојат среќни врски

Луѓето можеби ја гледаат вашата врска и сметаат дека е одлична. И таа можеби е… понекогаш. Но дали иднината со него ви изгледа мрачна? Дали ви е тешко да мислите дека ќе имате среќен живот со него? Среќните врски постојат, но во оваа ситуација вие се присилувате да го сакате партнерот.

3. Вашите емоции се чудни

Дали вашата анксиозност се засили откако почнавте да се гледате? Дали плачете повеќе од обично? Секој од нас има добри и лоши моменти, но ако искусувате екстремни промени на расположението, може причината да е вашата врска. Иако можеби сè уште не сте го сфатиле тоа, кога се присилувате да сакате некого вие го потиснувате вашиот инстинкт, па вашите емоции стануваат вистински неред.

4. Не сакате да го повредите, дури и тоа да значи да се повредите себеси

Кога знаете дека некој ве сака, може да биде навистина тешко да го повредите, дури и ако се повредувате самите. Можеби ве „бркал“ долго време. Или пак ви кажува како не може да си го замисли животот без вас. Тешко е да кажете некому кој ви значи дека не сте вистински еден за друг. Но, одложувањето на раскинувањето само повеќе ќе ве повреди и двајцата.

5. Изморени сте од одбивање

Ако сте раскинале неколку пати, а вашиот партнер ве молел да се смирите, на крајот вие се предавате. Ако сметате дека сте биле во право кога сте ставиле крај, паметете го тоа чувство и навистина ставете крај. Истражувањата покажале дека паровите кои често раскинуваат и се смируваат немаат среќна иднина.

6. Очајно сакате да бидете во врска

Очајот ретко води до добри одлуки. Има една тајна: Ако сте несреќни кога сте сингл, ќе бидете несреќни и во врска, освен ако не го промените вашиот живот. Немојте да почнувате врски ако очајно сакате некој да ве направи среќни. Не функционира така. Започнете врска со некој кој се чувствува исто како и вас.

7. „Одличен е, ама…“

Најверојатно вашето момче е одлично. Но, ова не значи дека мора да бидете во врска со него. Ако постојано барате оправдувања за вашата врска, запрашајте се зошто сè уште сте со него. Постојат многу одлични луѓе на светот. И двајцата заслужувате да бидете во врска во која и двајцата се чувствуваат исто.

Причината зошто сте се нашле во ваква врска е тоа што може да биде навистина тешко да бидете искрени кон себе. Ако можете да се препознаете во овие знаци, направете си услуга. Она што ќе го откриете може да ви го промени животот.

Погледнете ги и проблемите во врската кои едноставно не можете да ги решите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар