7 знаци дека итно ви е потребен одмор од работата

7 знаци дека итно ви е потребен одмор од работата

Понекогаш луѓето кои се амбициозни и вредни знаат целосно да се изгубат во својата работа и да ѝ дозволат таа да го проголта целиот нивен живот. Тоа доведува до губење на контактите со блиските, анксиозност, стрес, па дури и почесто разболување. Доколку се пронаоѓате во следниве 7 однесувања, тогаш со сигурност итно ви е потребна мала пауза од вашата работа.

7 знаци дека итно ви е потребен одмор од работата

1. Редовно ги откажувате плановите со вашите пријатели и семејството

Или пак, целосно сте прекинале да правите планови со нив бидејќи во истиот момент кога излегувате порано од дома за на работа, вие едноставно знаете дека вечер ќе ве задржат со некоја итна задача. Токму затоа сигурно веќе подолго време добивате пасивно-агресивни пораки од вашите пријатели кои ве немаат видено со денови или пак, не толку пасивни повици од вашето семејство кому навистина му недостасувате.

2. Сите кои ги познавате се уморни од вашето жалење за работата

Се сеќавате на она време кога не се жалевте за работата? Не? Ниту кој било друг околу вас. Без разлика дали станува збор за партнерот, цимерот, пријателите или пак, таксистот, сите околу вас детално ги знаат сите ваши проблеми со кои секојдневно се соочувате на работа. Тие знаат колку вашиот шеф е неразумен или пак, колку гласно џвака вашиот колега за време на паузата за ручек. Во секој случај, вие едноставно не можете ментално да се оттргнете од вашата работа и сите околу вас успеваат да го забележат тоа.

3. Се чувствувате анксиозно доколку не сте поврзани со работата

Сите оние часови кога сте далеку од вашата работна просторија, вие сте залепени за вашиот мобилен телефон, лаптоп, таблет или кој било друг гаџет кој постојано ве поврзува со светот од кој очајно сакате да се одделите. И покрај тоа што сте решиле целосно да го искористите слободното време, вие чувствувате неверојатна анксиозност доколку поминат и само неколку минути без да проверите да не случајно ви пристигнал нов мејл.

4. Не можете да седите мирни на едно место

И покрај тоа што ги поминувате повеќето денови на работа, посакувајќи да сте дома, на вашиот кауч, гледајќи ја вашата омилена ТВ серија, сепак не сте способни да го направите тоа доколку ви се укаже таква шанса. Кога ќе дојде време да се одморите, вие размислувате на сите оние нешта кои можете да ги направите наместо да одмарате. Вашето тело толку многу се навикнало на брзо живеење што заборавило како да забави и да се опушти.

5. Се чувствувате како да се возите на емоционален ролеркостер

Една минута сте пресреќни бидејќи сте завршиле одредена работна обврска навреме, а веќе следната минута плачете бидејќи некој од клиентите почнал да ви вика. Бидејќи поминувате премногу време на работа, вашата самодоверба целосно се поврзала со вашиот перформанс на работа. Токму затоа кога работите ви се одвиваат добро вие се чувствувате како да сте на врвот и како никој да не може да ве сопре, но доколку добиете конструктивна критика, вие веднаш пукате.

6. Многу често се разболувате

Хроничниот стрес го ослабел вашиот имунитет, па токму затоа ве направил и повеќе подложни на оние бацили кои се наоѓаат во вашата канцеларија. Дури и доколку успеете да го избегнете грипот, вие сепак често ќе се чувствувате уморно и не толку добро. Анксиозноста од стресната работа може да се манифестира и преку физички симптоми, предизвикувајќи ви главоболки, болки во стомакот и други непријатни чувства во телото.

7. Чувствувате неодредено здодевно чувство кое не можете да откриете што го предизвикува

Можеби станува збор за ужас кога вашиот аларм ѕвони наутро или пак, за анксиозност која се појавува секогаш кога вашиот телефон ќе заѕвони. Вие се обидувате најмногу што можете да не размислувате на него, но тоа едноставно никогаш не ве напушта. Вие длабоко во себе знаете дека тоа што го правите не е најдобро за вас, но премногу сте посветени на вашата кариера што дури и самата помисла за каква било промена ви е премногу застрашувачка.

Со цел да се справите со ова чувство, вие мора да научите како да го слушате вашиот внатрешен глас. Доколку не успевате сами, побарајте помош од блиска личност или од терапевт со цел да ви помогнат да одлучите какви промени треба да направите во вашето секојдневие со цел да живеете подобро балансиран живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар