7 знаци дека имате натпросечна социјална интелигенција

7 знаци дека имате натпросечна социјална интелигенција

Психолозите ја дефинираат социјалната интелигенција како способност за мудро однесување во меѓучовечките односи, а поврзана е и со бонтонот, односно со правилата за убаво однесување. Социјалната интелигенција подразбира особини како што се љубезност, претпазливост и активно слушање. После разговорот со социјално интелигентна личност се чувствуваме сталожено и исполнето, а не како некој да го исцицал животот од нас. Дознајте кои 7 знаци ги откриваат луѓето со натпросечна социјална интелигенција.

3-7-znaci-deka-imate-natprosechna-socijalna-inteligencija-www.kafepauza.mk_

1. Не се обидувате да измамите силна емоционална реакција од кој било со кого разговарате

Додека зборувате за својот успех на работното место или ѝ ги покажувате вашите нови чевли на пријателката, не очекувате луѓето да ви се восхитуваат, да ви даваат преголеми комплименти и на цел глас да го фалат она што сте го купиле. На личностите со висок коефициент на социјална интелигенција не им е потребна потврда од другите луѓе. Кога ќе спомнете некој свој успех или ќе се пофалите со новите обувки, го правите тоа на умерен, не пренагласен начин.

2. Не зборувате ригидно за луѓето, политиката и ставовите

Најбрз начин за некој да изгледа неинтелигентно е да каже „Тоа е погрешно“ (тоа можеби е погрешно за вас, но постои затоа што е добро за некој друг). Социјално интелигентната личност ќе каже „Јас лично не се разбирам од тоа или не се сложувам со тоа.“ Да зборувате ригидно за луѓето, идеите и ставовите, значи да бидете слепи за другите поразлични гледишта. Таквото однесување ги открива луѓето со затворен ум.

1-7-znaci-deka-imate-natprosechna-socijalna-inteligencija-www.kafepauza.mk_

3. Не сметате дека вашето мислење е секогаш точно за другите

Социјално интелигентните луѓе нема да кажат „Тој е будала“ како тоа да е факт. Наместо тоа ќе кажат: „Имав негативно искуство со таа личност поради кое се чувствувам многу непријатно.“

4. Никогаш не ги генерализирате другите луѓе според нивното однесување (не користите „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“ за да илустрирате некое тврдење)

Кога разговараат со другите социјално интелигентни луѓе, тие ќе кажат „Јас чувствувам…“ или „Мене ми изгледа…“, наместо „Ти си…“. Ги избирате зборовите и начинот на говор кој нема да звучи како закана или обвинување, бидејќи знаете дека на тој начин соговорникот ќе сака да ја согледа вашата перспектива и да создаде дијалог кој ќе доведе до промената која ја посакувате.

5. Знаете како на здрав начин да се одвоите од нечии зборови

Со други зборови, знаете дека светот не се врти околу вас. Знаете да слушате, а да не мислите дека нечии зборови се упатени против вас. Знаете да се одвоите од сопствените проекции и барем да се обидете да ја разберете перспективата на другата личност без претпоставка дека таа има некаква врска со вас.

2-7-znaci-deka-imate-natprosechna-socijalna-inteligencija-www.kafepauza.mk_

6. Слушате за да слушнете, а не за да одговорите

Додека слушате што зборува другата личност, се фокусирате на она што таа личност го зборува, а не на тоа што потоа треба да го одговорите.

7. Најважна ви е врската која ја имате со самите себе и неуморно работите на неа

Најважната работа која социјално интелигентните луѓе ја разбираат е дека нивната врска со сите други е продолжение на нивната врска со самите себе.

Погледнете зошто високо интелигентните луѓе имаат помалку пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар