7 знаци дека бегате од вашите чувства само затоа што претходно сте биле повредени

7 знаци дека бегате од вашите чувства само затоа што претходно сте биле повредени

Ако сте како повеќето луѓе на оваа планета, тогаш големи се шансите да имате барем едно болно раскинување зад вас. Различни луѓе различно се справуваат со ова непријатно искуство, барајќи го најдобриот начин за себе да продолжат понатаму. Но, постојат и луѓе кои едноставно ги саботираат своите идни емоции од страв да не поминат повторно низ истото. Дали и вие спаѓате во оваа група луѓе?

7 знаци дека бегате од вашите чувства само затоа што претходно сте биле повредени

1. Ретко кога отворено признавате чувства

Кога вашите најдобри пријатели ќе ве прашаат како се чувствувате за личноста со која моментално сте во врска, вие секогаш одбегнувате да дадете директен одговор бидејќи верувате дека истиот момент кога ќе признаете дека тој/таа ви се допаѓа, сè ќе почне да се распаѓа. Крајот на вашата претходна врска не треба да биде причина за страв од следната.

2. Кога ќе развиете чувства кон некого, вие се обидувате да најдете што не е во ред со него/неа

Ако не гледате вистински и очигледни знаци, тогаш големи се шансите дека двоумењето кое го чувствувате е производ на вашата фантазија. Ако нешто навистина не е во ред, вие ќе можете лесно да го препознаете тоа, насочувајќи се себеси во спротивната насока. Но, ако бегате само затоа што се плашите дека тој/таа се одлични за вас, тогаш ги избегнувате вашите чувства.

3. Им велите на луѓето дека не барате врска

Особено на оние со кои се гледате. Вие им го кажувате овој факт дури и пред моментот тие да помислат на нешто повеќе со вас, па токму затоа и најчесто не ве сфаќаат сериозно. Можеби навистина не сакате врска, но доколку запознаете личност која барем малку ве тера да се замислите за спротивното, тогаш би требало подобро да размислите за вашиот став.

4. Постојано излегувате со луѓе за кои не сте ни заинтересирани

Ако немате интерес, тогаш нема ни да се приврзете. Со овие луѓе многу е лесно да се збогувате и да продолжите понатаму. Ако почнете да развивате чувства, тогаш збогувањето почнува да изгледа како отсуство, а не како едноставно разделување. Но, тоа што мора да го сфатите е дека не секоја личност која влегува во вашиот живот ќе ве напушти како претходната.

5. Вие сакате можностите да ви бидат отворени

На овој начин, со други зборови, вие кажувате дека сте премногу исплашени да се предадете на само една личност. Тоа не е затоа што сметате дека сте премногу добри за него или неа, туку затоа што се плашите дека со тек на време ќе бидете несреќни без нив. Вие уште од старт ја осудувате оваа врска на пропаст, без воопшто да ѝ дадете шанса.

6. Ако нештата помеѓу вас не успеат, вие глумите дека не сте ни имале чувства

Не се залажувајте, вие навистина уживавте во времето поминато со оваа личност, па токму затоа и нема потреба да глумите дека никогаш не сте биле вистински заинтересирани. Едноставно погледнете на ова како на позитивно искуство кое ќе го чувате во вашето сеќавање и продолжете понатаму со вашата потрага.

7. Вие на некој начин сте „алергични“ на нивните емоции

Ако личноста со која моментално се гледате ви признае дека развива чувства за вас, вие правите сè што е во ваша моќ да ја саботирате оваа врска. Не се плашете од комуникацијата, постојат илјадници луѓе кои повеќе од сè останато посакуваат нивниот партнер да им ги признае своите чувства. Ценете го тоа што го имате и вложете се малку и вие во оваа врска. Би се изненадиле од тоа што би можеле да го постигнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар