7 здрави навики за да ги избегнете настинките

7 здрави навики за да ги избегнете настинките

Колегата до вас цел ден кашла, а децата, само што ги земавте од градинка почнаа да киваат. Дали е возможно да не ги прeфатите нивните бактерии? Комбинацијата од неколку превентивни мерки може да ви помогне да се заштитите од сезонските вируси и настинки.

7 здрави навики за да ги избегнете настинките

Рацете постојано нека ви бидат чисти. Сите го знаеме ова, но навистина успева. Бидејќи несвесно постојано го допираме лицето со нив, честото миење на рацете ќе ги заштити очите, устата и носот од бактериите. Рацете задолжително треба да се мијат пред јадење или пред подготвување храна, после допирање на некој канцелариски уред, земање работи од шкаф или полица, подигање пари од банкомат или пиење кафе од кафемат. Важно е рацете да се мијат и доколку допрете места кои дневно ги допираат многу луѓе, како што се копчиња од лифт или кваки од врати. Навиката треба да се создава од најмали години, па штом си дојдат вашите деца дома од градинка или училиште, веднаш измијте им ги рацете.

При миење раце не треба да се брза, па така многу луѓе не ги тријат рацете доволно. Мијте ги рацете барем 20/30 секунди, а задолжително внимавајте на задниот дел од рацете и просторот помеѓу прстите. Сапунот помага да ги отстраните бактериите и маслата од клетките на кожата. Употребувајте топла вода, бидејќи помага сапунот повеќе да се распени. Практикувајте течен сапун, бидејќи на обичниот можно е да бидат насобрани бактерии.

Употребувајте течност за дезинфекција на рацете. Миењето со вода и сапун е подобро, но течноста за дезинфекција е многу ефективна доколку не се наоѓате во близина на тоалет. Чувајте едно шишенце на вашето биро за да ве потсетува често да го употребувате во текот на денот. Не штедете го, сипете поголема количина и убаво тријте на целите дланки, додека не ви се исушат. Влажните марамчиња исто така се опција, но со нив не можете да ги отстраните сите бактерии.

Избришете ги површините со кои сте во допир во поголемиот дел од денот. Како прво нешто наутро, со крпа и антибактериско средство избришете ги работното биро, тастатурата и глувчето од компјутерот, телефонот и останатите уреди во канцеларијата особено доколку ги делите со колегите. Бидејќи ги шириме бактериите пред да покажеме симптоми дека се разболуваме, ваквата заштита претставува едноставна мерка на претпазливост.

7 здрави навики за да ги избегнете настинките

Не опуштајте се, дури ни дома. Иако сите имаме тенденција, кога сме дома да не внимаваме многу на овие работи, сепак домот е едно од главните места каде што се шират болестите. Дома сме во поблизок контакт со луѓето, поминуваме многу повеќе време на едно место, па дури и често не ги бришеме површините од сопствените бактерии. Но, во домот многу лесно некој друг може да донесе бактерија, а вие лесно да ја добиете преку рачката од фрижидерот, преку далечинскиот управувач, тастатурата од компјутерот и од многу други места.

Употребувајте проверени работи. Не секој продукт што го употребувате може да има еднаков ефект. Доколку сакате да ги уништите бактериите, вас ќе ви бидат потребни средства за дезинфекција регистрирани од „EPA“ (Агенција за заштита на средината). На етикетата на средствата проверете дали тие имаат регистрациски број од агенцијата.

Бидете добри со вашето тело, вежбајте, јадете и спијте доволно за да го одржите имунитетот силен. Исто така, одлично би било доколку ги откажете цигарите. Пушењето ги зголемува шансите да се разболите, бидејќи создава, структурални промени во респираторниот тракт и го нарушува имунолошкиот систем. Дури и седењето во задимена просторија ви ги зголемува шансите за разболување.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар