7 вистини со кои се сретнуваат мајките на момчиња

7 вистини со кои се сретнуваат мајките на момчиња

Во некои аспекти момчињата се навистина специфични, а тоа може да го потврдат и многу мајки. Многу од нив веруваат дека знаат сѐ за нивните навики, но на некои работи ништо не може да ве подготви…

1-7-vistini-so-koi-se-sretnuvaat-majkite-koi-imaat-momchinja-www.kafepazua.mk_

1. Заборавете на мирот и тишината

„Гласно или погласно“, е мотото на поголемиот дел од момчињата. Дури и оние кои по природа се помирени, често испуштаат звуци со сила на возрасен човек, а вие се прашувате каде исчезнала вашите драгоцена тишина. Ја замениле подеднакво драгоцени, само малку помирни моменти.

2. Момчињата се пошармантни

Со брзина на молња ќе ве заврти околу малиот прст и ќе му ги простите сите прекршоци, дури и оние поради кои би требало реално да поставите дисциплина. Момчињата благодарение на својот вроден шарм способни се во секунда да ги разоружат своите мајки.

3. Чувствителни се

Нашето патријархално општество неправедно ги прогласува девојчињата за чувствителни, а момчињата за силни. Меѓутоа, девојчињата може да бидат подеднакво силни како и момчињата, а момчињата подеднакво чувствителни како и девојчињата, и секако во тоа нема ништо лошо.

4. Опседнати се со своите телесни „појави“

Гасови, извршување нужда, подригнување – сето тоа се забавни работи за момчињата, па немојте да се изненадите доколку покажуваат голем интерес за нив.

5. Загрижувачко се бестрашни

Ќе се искачат на секое дрво и на секоја скала, ќе ја истражат секоја неистражена дупка без оглед на потенцијалната опасност. Затоа од нив воопшто не смеете да го оттргнете погледот.

6. Тие се под голем притисок

Општеството од нив очекува во секој момент да бидат силни, цврсти, мажествени и да ги сокриваат своите емоции, односно да не ги покажуваат во несоодветни моменти, па токму заради тоа честопати се под голем притисок со кој не знаат како да се носат.

7. Обожаваат да прават неред

Без оглед на тоа дали сте во вашиот дом или во паркот, вашето малечко ќе ја искористи секоја прилика да направи некој неред. Не го прави тој тоа злонамерно, туку нередот обично е резултат на неговата голема разиграност и желбата да фати сѐ во своите раце, иако веројатно таа работа нема да ја врати на своето место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар