7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

Кога станува збор за кармините, жените секогаш имаат голем избор. Во пролет и лето најчесто се присутни светлите бои, како розовата и портокаловата, додека пак во есен, боите се потемни со потопли нијанси. Без разлика дали сте голем љубител на шминкањето или не, овие бои на кармини ќе ве воодушеват. Во продолжение погледнете ги 7-те најпопуларни нијанси и обидете се да ја изберете вашата омилена боја за оваа сезона.

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

1. Црна

Зошто да не бидете храбри оваа есен и да изберете црн кармин? Ако сте повеќе конзервативни можеби ова нема да ви изгледа како добра идеја, но доколку сте подготвени да го изненадите светот, ова дефинитивно е вашиот вистински избор.

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

2. Сина

Уште една боја која храбрите девојки би можеле да ја пробаат е сината. Кога станува збор за нијансите, можете да изберете светла тиркизна или пак, индиго боја.

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

3. Кафеава

Кафеавата боја на кармин е голем тренд во претстојните есенски месеци, а тука не станува збор за каква било нијанса. Иако постојат повеќе бои кои имаат нијанси на портокалово, оваа сезона обидете се со темно кафеава боја.

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

4. Темно портокалова

Додека светлите нијанси на портокаловата боја се резервирани за потоплите месеци, темно портокаловите се одлични за во есен. Не само што оваа боја потсетува на есенските листови, туку истата совршено си одговара и со другите класични есенски бои.

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

5. Темно црвена

Ако постои една боја која можете да ја носите во секоја сезона, тогаш без сомнение тоа е црвената. Од непознати причини, црвената е класична боја која е дел од сечија колекција за шминкање. Исто како и повеќето нијанси на оваа боја, така и темно црвената одговара со секаква облека.

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

6. Сива

Сивата боја е тренд кој брзо расте, а многу љубители на шминката се спремни да го следат. Пепелавата нијанса освојува многу жени, пред сѐ поради тоа што одговара на секаква боја на кожа.

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

7. Виолетова

Последна, но не и помалку важна боја е токму виолетовата. Доколку сѐ уште чувствувате дека не сте храбри да ги испробате црната, темно кафеавата или темно портокаловата боја, секогаш најпрво можете да започнете со виолетовата. За да ја постигнете посакуваната нијанса, обидете се да ставите посветла боја во основата.

7 видови кармини што треба да ги пробате оваа сезона

Со помош на овие бои, истакнете ја својата убавина оваа есен. Шминкањето подразбира и експериментирање, а како би знаеле која е бојата што најдобро ви прилега, доколку не ја испробате?


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар