7 видови храна од која брзо можете да станете зависни

7 видови храна од која брзо можете да станете зависни

Доколку секојдневно копнеете по одреден вид нездрава храна, тогаш големи се шансите дека вие сте зависни од неа. Видовите храна кои најчесто создаваат зависност имаат две заеднички карактеристики: високо ниво маснотии и висок гликемиски индекс, што значи дека веднаш по консумирањето во нашиот организам се зголемува нивото на шеќер во крвта. Ако ги тргнеме настрана газираните пијалаци, нашиот организам може да стане зависен и од следниве 7 видови храна кои се дел од секојдневниот режим на исхрана.

7 видови храна од која брзо можете да станете зависни

1. Пица

Едно парче пица во просек содржи околу 300 калории и 10 грама маснотии. Имајте на ум дека на една просечна жена дневно ѝ се потребни околу 2.000 калории и 40 грама маснотии, додека пак на мажите 2.400 калории и 50 грама маснотии.

2. Чоколадо

Едно неодамнешно истражување открило дека луѓето чувствуваат подеднакво копнеење за чоколадо и уживање во неговиот вкус како што чувствуваат и зависниците од дрога. Едно чоколатце во просек содржи 210 калории и 13 грама маснотии.

3. Чипс

Постои ли човек кој може да изеде само еден чипс? Со порција од 30 парчиња чипс, вие во вашето тело внесувате 320 калории и 20 грама маснотии.

4. Чоколаден кекс

Четири мали чоколадни кекси содржат околу 190 калории и 10 грама маснотии.

5. Сладолед

Главните состојки на омилениот леден десерт се слатка павлака и млеко, што значи дека сладоледот содржи голем број заситени маснотии кои се лоши за вашето здравје. Една порција сладолед од ванила во просек содржи 230 калории и 14 грама маснотии.

6. Пржени компири

Ретко кој може да одолее на помфритот, но што ако ви кажеме дека во само една порција од оваа храна има неверојатни 510 калории и 24 грама маснотии? Можеби следен пат ќе се замислите пред да порачате или да си направите пржени компири.

7. Чизбургер

Вашиот омилен вид хамбургер содржи голем број состојки кои предизвикуваат стврднување на артериите, како заситени маснотии и натриум. Еден чизбургер содржи 270 калории, 12 грама маснотии и 630 милиграми соли, што е скоро половина од препорачаната дневна доза потребни соли.

Кога сме веќе на оваа тема, добро е да знаете и која храна создава најмалку зависност. Доколку во вашата секојдневна исхрана внесете краставици, моркови, грав, кафеав ориз, брокула, банани, лосос, пченка и јагоди вие ќе бидете побезбедни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар