7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

Ниту еден женски плакар не е целосен доколку во него нема барем еден фустан. Без разлика на тоа што голем број жени се чувствуваат многу покомотно во фармерки, сепак понекогаш е клучно да имате соодветен фустан за одредени прилики. На пример, состанок со личноста која многу ви се допаѓа, интервју за работата од вашите соништа или пак, летна забава со вашите пријатели. Токму поради овие причини постојат неколку видови фустани кои секоја жена би требало да ги поседува.

7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

1. Малиот црн фустан

Најважниот фустан во вашиот плакар е токму овој мал црн фустан. Тоа е фустан кој ви стои одлично, има совршена должина за вашата висина и е според најновата мода. Малиот црн фустан е соодветен за најразлични ситуации почнувајќи од забави, погреби, службени вечери, па сè до свадби. Со помош на неколку додатоци како џемпер, високи штикли, чанта и накит можете да го комбинирате за буквално сите дневни и вечерни настани.

7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

2. Кежуал бел фустан

Овој фустан е совршен за дневна прошетка во топлите летни денови или пак, за на плажа. Тој ќе се истакнува на фотографиите со вашите пријатели и ќе ја нагласува бојата која сте ја добиле со сончање.

7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

3. Совршениот фустан за состанок

Овој фустан е погоден за посебна ноќ со вашиот партнер. Можете да го носите на вечера, во кино како и за прошетка низ градот. Тој би требало да биде фустан во кој се чувствувате прекрасно, кој е удобен и кој одговара на вашиот тен. Исто така треба да одговара и со високи потпетици и со балетанки за да можете да го носите на разни видови состаноци.

7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

4. Фустан за интервју за работа

Кога одите на интервју за работа, посебно кога станува збор за покорпоративна или поелитна работа, секогаш е добра идеја да се облечете малку подобро од вашата стандардна работна „униформа“. Овој фустан би требало да биде поконзервативен и модерен, никогаш да не биде со должина над колената, да нема длабоко деколте и да биде со подолги ракави. Целта е да бидете елегантни без да покажувате премногу кожа.

7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

5. Фустан за на свадба

Секоја девојка треба да има еден фустан кој ќе го чува за посебни прилики како свадби. Во овој фустан треба да се чувствувате убаво и удобно. Можеби ќе запознаете некоја посебна личност таму или пак ако ништо друго, барем ќе изгледате прекрасно за големиот ден на невестата.

7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

6. Фустан за класични настани

Без разлика дали станува збор за настан каде што треба јавно да настапите или настан организиран од работа, секогаш треба да имате фустан кој ќе одговара на оваа ситуација. Тој би требало да биде модерен и конзервативен во исто време.

7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

7. Фустан за забава

Секоја девојка треба да има најмалку еден фустан за забава. Во овој фустан би требало да се чувствувате младо, забавно и авантуристично. Одберете модерен фустан со забавни и живи бои. И најважно од сè, нека биде со стил.

7 видови фустани кои секоја жена треба да ги има во својот плакар

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар