7 вегански совети за брзо губење килограми

Благодарение на веганската диета и редовното вежбањето, познато е дека многу познати ѕвезди како Џенифер Лопез и Бијонсе во рок од 22 дена успеале да ја достигнат посакуваната телесна тежина. Овие совети доаѓаат од позната авторка Кети Фрестон, кои ќе ви помогнат брзо да ослабите, како и потоа да ја одржите вашата витка фигура.

7 вегански совети за брзо губење килограми

1. Сменете го млекото со пијалаци без лактоза

Ако сте вегетаријанци кои консумираат млеко и млечни производи, Фрестон сугерира да го замените млекото со пијалаци од соја, ориз или бадем.

2. Секојдневно консумирајте шака полна јаткасти плодови

Јаткастите плодови содржат протеини и добри маснотии, како и хранливи влакна. Токму затоа во секој ваш појадок додадете сирови и несолени ореви или семки. Тие ќе го поттикнат вашиот метаболизам, резултирајќи со брзо согорување на маснотиите.

3. Додадете лен во вашата исхрана

Бидејќи веганите и вегетаријанците не консумираат морски плодови, мора да ја надополнат потребата за омега 3 масни киселини преку ленот. Додавајте на кој било оброк по неколку големи лажици мелени семки лен секојдневно. Тој не само што ќе ви помогне брзо да ги изгубите непосакуваните килограми, туку и ќе ви ги претвори добрите бактерии во цревата во моќно оружје против ракот.

4. Јадете супер-храна

Бобинките, чоколадите, семките од чиа, боровинките како и кељот се одлична супер-храна, односно исклучително силни намирници исполнети со голема хранлива вредност која ја зголемува виталноста и енергијата, го прочистуваат телото и го зајакнуваат имунитетот.

5. Зголемете ја порцијата со зеленчук

Зошто за време на оброците да јадете само еден вид зеленчук кога можете да си направите голема и разновидна салата со различни видови хранливи материи? Колку повеќе зеленчук консумирате, толку повеќе хранливи материи и вода ќе внесувате во вашиот организам, резултирајќи со брзо намалување на телесната тежина.

6. Исфрлете го месото од менито

Фрестон промовира исхрана без месо, односно препорачува постепено намалување на животинските протеини во секојдневната исхрана. Полека одвикнете го вашиот организам од месо така што ќе јадете само еднаш дневно, па неколку пати неделно, а потоа со тек на време и целосно исфрлете го… По неколку неделната веганска исхрана вашиот метаболизам ќе се забрза, а со тоа и тежината ќе ви се намали.

7. Контролирајте ги порциите

Големата чинија значи и поголема порција храна. Токму затоа доколку сакате да ослабите, користете помали садови.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар