7 важни лекции кои можете да ги научите од вашите домашни миленичиња

7 важни лекции кои можете да ги научите од вашите домашни миленичиња

Луѓето се најинтелигентните суштества на Земјата. Токму фактот дека можеме да размислуваме разумно нè одделува од останатите жители на оваа планета. Но, и покрај тоа што сме многу попаметни, сепак животните имаат многу поумен и поздрав живот во однос на нашиот. Токму затоа погледнете што можете да научите од нив со цел и вие да имате подобар живот…

7 важни лекции кои можете да ги научите од вашите домашни миленичиња

1. Живејте го животот со лојалност

Домашните миленичиња, особено кучињата, се познати по својата лојалност на семејството кое се грижи за нив. Токму затоа и се нарекуваат најдобрите пријатели на човекот. Вие можете да ја преземете оваа нивна карактеристика така што ќе ги почитувате вашите најблиски и ќе бидете покрај нив без разлика на сè.

2. Ценете ги сите нешта подеднакво, без разлика дали се мали или големи

Нашите миленичиња не се грижат за брендот на храната, ниту пак за големината на играчките. Тие се грижат за вложениот труд, па токму затоа и возвраќаат со истото внимание кон вас. Мачките предат, а кучињата мавтаат со своите опашки со цел да ни покажат дека го ценат нашето дело. Ние можеме да го следиме нивниот пример така што секогаш ќе изразуваме благодарност на луѓето околу нас, без разлика на големината на нивниот труд.

3. Не држете лутина

Кучињата, за разлика од луѓето, многу брзо ги забораваат лошите нешта кои им биле направени. Дури и доколку биле оставени цел ден сами дома, тие постојано ќе се радуваат на вашето пристигнување и ќе ве поздрават со истиот ентузијазам како и секогаш претходно. Држењето лутина ве спречува да продолжите понатаму со животот, па токму затоа обидете се да се движите по примерот на вашите мали крзнени пријатели.

4. Работете напорно, но не заборавајте на играта

Кучињата работат кога има потреба од тоа. Тие го чуваат вашиот дом и се грижат да бидете безбедни додека спиете. Но, кога ќе дојде време за играње – тие играат како да нема утре. Голем број луѓе се заробуваат во својата работа, мислејќи дека колку повеќе работат, толку попродуктивни ќе бидат. Но, реалноста е дека сите ние сме луѓе и без доволно одмор, нашето тело со тек на време ќе почне да откажува и потпаѓа под стрес.

5. Не ги судете другите и секогаш давајте им на луѓето шанса

Луѓето имаат тенденција да бидат со голем број предрасуди. Ние постојано наоѓаме причини да ги осудуваме другите дури и без да ја знаеме целосната приказна. Но, нели овој свет би бил многу подобар доколку едноставно ги земе кучињата како пример, и исто како и нив престанеме да носиме претерано брзи одлуки за другите луѓе?

6. Побарајте помош

Нашите домашни миленичиња зависат од нас кога станува збор за нивниот живот. Токму затоа и кога им е нешто потребно тие ни даваат знаци со цел да им помогнеме. Тие не се обидуваат да постигнат сè самите бидејќи едноставно знаат дека не можат. Многу луѓе се чувствуваат непријатно и при самата помисла да побараат помош. Тоа најчесто е последица од егото или гордоста. Без разлика на причината, вие треба да научите дека е сосема во ред доколку некогаш не можете да направите нешто и побарате помош за истото.

7. Љубете безусловно

Бидејќи ниту една врска не доаѓа со гаранција, на луѓето им е многу тешко да сакаат без да очекуваат нешто за возврат. Ова е нормално и очекувано, но со малку труд би можеле целосно да го промените. Обидете се да опростувате полесно или пак, повеќе да се грижите за вашите најмили. Тоа е најмалку што можете да го сторите за оние кои постојано го чуваат вашиот грб. Погледнете ги кучињата, без разлика дали вие во моментот имате време за нив или не, тие секогаш ќе стојат покрај вас, давајќи ви што е можно поголема сила дури и во најтешките моменти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар