7 трикови со кои ќе изгледате помладо

7 трикови со кои ќе изгледате помладо

Сакате да изгледате помладо без да одите „под нож“? Ви претставуваме 7 едноставни трикови со кои вашето лице ќе делува за неколку години помладо и посвежо.

Шишките се повторно „ин“

Постои ли подобар начин за сокривање на брчките на лицето од старите добри шишки? Благодарение на нив повеќе нема да изгледате толку уморно после раното будење наутро. Сепак, пред да се одлучите да направите шишки, консултирајте се со професионален фризер дали на вашето лице ќе одговара оваа фризура.

7 трикови со кои ќе изгледате помладо

Избегнувајте темни кармини

Доколку во вашата торбичка со козметика се наоѓаат голем број кармини со темни нијанси, време е да се ослободите од нив. Наместо тие бои, пробајте да користите корална боја, боја на праска или природно розова боја. Светлите тонови ќе ви го расветлат лицето, а ќе делувате помладо и посвежо.

Истакнете ги веѓите

Обликувањето на веѓите во домашни услови често знае да заврши нерамномерно. Затоа подобро препуштете се во рацете на веќе проверен професионалец, кој ќе се грижи за нивната уредност.

7 трикови со кои ќе изгледате помладо

Испробајте ги производите за сончан изглед

Нанесете сјаен производ за сончан изглед на лицето и челото, со што ќе придонесете лицето да ви изгледа подмладено и освежено. Внимателно одберете ја нијансата, бидејќи можете да изгледате смешно, доколку не ја погодите бојата.

Бели заби

Поради сјајно белите заби можете да делувате и до 10 години помлади. Затоа правилната орална хигиена и редовните прегледи на забар се многу важни. Доколку сметате дека вашите заби не се доволно бели, побарајте совет од вашиот забар и направете го потребниот третман.

7 трикови со кои ќе изгледате помладо

Светли прамени

Пробајте за нијанса да ја осветлите бојата на косата. Исто така и за овој дел немојте да експериментирате дома, туку појдете кај професионалец. Светлите прамени ќе ви го осветлат лицето, а вие ќе изгледате модерно и младо.

Смејте се постојано

Не постои подобар третман за подмладување од насмевка (од седмица до седмица).

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Ики Reply

    Посетете професионалец, посетете професионалец. Yeah right, бидејќи Македонките имаат пари, време и енергија да посетуваат професионалец за секоја ситница. Убаво би било да пишувате оригинални статии приспособени за Македонци да читаат, а не да копирате од странски страници кои се водат по идеологијата на Sex and the city.

Остави коментар