7 типови луѓе од кои треба да се оддалечите во новата година

7 типови луѓе од кои треба да се оддалечите во новата година

Со доаѓањето на новата година сите почнуваат да прават планови како да станат подобри и да живеат поквалитетен живот. Речиси никој не е задоволен од тоа како изминала претходната година и сите се надеваат на поубава иднина. Ќе можете да ги промените нештата што зависат само од вас, но вашите пријатели, семејство, колеги и познајници ќе останат исти. Меѓутоа, постојат некои луѓе кои не треба да бидат дел од вашиот живот ни минута повеќе. За да ја направите новата година попозитивна, обрнете внимание на следниве 7 типови луѓе од кои треба да се оддалечите во претстојната 2017 година…

7 типови луѓе од кои треба да се оддалечите во новата година

1. Пријателите кои излегуваат со вас само ако немаат подобра опција

Доколку имате најдобри планови за вечерта, тие ќе ви бидат најдобри пријатели. Меѓутоа, ако им излезе нешто поинтересно, тие без размислување ќе ве остават на цедило. Ова е некултурно и лошо. Ваквите луѓе не треба да си обезбедат влез во вашиот живот во 2017 година.

2. Токсичниот партнер

Љубовните партнери понекогаш знаат да бидат најлоши. Можеби сите ваши пријатели и целото ваше семејство не можат да го поднесат овој човек. Можеби постојано се карате за глупости. Тоа не значи дека вашиот партнер е лош човек, туку дека едноставно не си одговарате. Оддалечете се малку од врската, избистрете си го умот и размислете дали вреди сето тоа нервирање.

3. Дечкото кој мисли дека сите се „загреани“ по него

Станува збор за дечко кој ако му пишете порака за да ви помогне со некој математички проблем, веднаш ќе помисли дека му се додворувате. Неговото его е огромно. Тој мисли дека сите девојки сакаат да бидат со него. Оддалечете се од ваквиот човек и заштедете си ги нервите.

7 типови луѓе од кои треба да се оддалечите во новата година

4. Пријателот поради кого секогаш запаѓате во неволја

На сите ни се случило да имаме пријатели кои, без оглед на околностите, секогаш запаѓаат во некоја незгодна ситуација, а освен тоа и нам нѐ повлекуваат во целиот неред. Можеби тие се прекрасни пријатели, но имаат таква ѕвезда што секое излегување со нив е како сцена од некој лош авантуристички филм. Не мора целосно да ја „избришете“ оваа личност од вашиот живот, но обидете се да ги одбегнувате сомнителните настани и излегувања.

5. Луѓе кои постојано се жалат

Овие луѓе постојано се жалат поради нешто и никогаш не се задоволни од животот. Постојано зборуваат за тоа како ништо не им оди од рака и ги уништуваат сите активности што ги правите заедно со нивното непрестајно жалење. Тие само ви го уништуваат расположението и ве поттикнуваат да размислувате негативно. Тргнете се на страна и фокусирајте се на луѓето кои ви шират позитивна енергија.

6. Пријателот од корист

Ова е личноста која разговара со вас само доколку ѝ треба нешто, но ако вам ви затреба нејзината помош, секогаш е зафатена. Пријателите од корист честопати бараат да им позајмите нешто ваше, да ги запознаете со некои важни луѓе или да им објасните како да постигнат успех. Тие воопшто не се грижат за вас и затоа треба да се оддалечите од нив што е можно побрзо.

7. Личноста која мисли дека е подобра од вас

Ваквиот пријател претставува негативна појава во вашиот живот. Тие луѓе ја уништуваат вашата самодоверба, психичко здравје и позитивна енергија. Не ви треба некој кој мисли дека е супериорен. Ослободете се од ваквите луѓе наредната година и веднаш ќе забележите промена во расположението.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар