7-те најважни нешта во животот

Иако никогаш не е доцна да го промените вашиот живот, добро е што порано да ги дознаете овие важни работи. Кога сте млади, сè ви изгледа лесно. Очекувате постојан напредок кон целите кои сте си ги поставиле. Оние кои успеале пред вас, направиле нешто што вие не сте можеле. Проблемот е што после неколку неуспеси, вашиот ентузијазам за остварување на целите полека исчезнува. Но, кога ќе ги научите овие 7 работи и ќе почнете да ги применувате, ќе го промените вашиот живот на подобро. Ќе ви стане јасно што правите и каде ќе ве однесат вашите постапки. Секоја успешна личност ги знае овие работи, па време е да ги научите и вие.

7-te-najvazhni-neshta-vo-zhivotot-kafepauza.mk

1. Секогаш бидете присутни тука и сега, во овој момент

Иако оваа изјава може да биде збунувачка за многумина, обидете се да ја разгледате подлабоко. Каде сте кога одите на работа? Сигурно се наоѓате во автомобил или во автобус, но присутни сте само физички. Каде сте со вашите мисли и ум? Веројатно размислувате за денешните должности, или пак за синоќешното дружење со пријателите. А токму овде е проблемот. Многу често забораваме да живееме во сегашноста. Или го земаме минатото со нас, или пак се плашиме од она што може да ни го донесе иднината. Вдишете длабоко и почувствувајте го вашето тело, набљудувајте ги вашите мисли и погледнете што испуштате во овој момент. Ни повеќе, ни помалку, вие ја испуштате сегашноста.

2. Заборавете на „треба“ и „не треба“

Ова е можеби најтешкото нешто од овие важни работи. Отстранете ги очекувањата на општеството и семејството и ќе видите дека тие ве тераат да мислите што треба да правите. На пример, треба да одите на економски факултет кога всушност сакате уметност. Или пак треба да бидете како вашиот чичко за да заработувате многу пари. Пред да прифатите што треба или не треба да правите, поставете си ги овие прашања: „Од кого чекам дозвола?“ „Зошто ова е прифатливо?“ Единствениот начин да бидете среќни е да го живеете животот онака како што вие сакате.

3. Променете ја вашата перспектива

Едно од поважните нешта во животот е да не создавате проблеми таму каде што ги нема. Не правете ги работите поголеми отколку што се. Набљудувајте го очигледното и немојте да се мачите со лажни информации. Имате ли проблем во вашиот живот? Ако имате, што треба да направите? Наместо да размислувате за неговата големина и така да го правите уште поголем, направете план за негово решавање и почнете уште веднаш да работите на тоа.

4. Стравот не е реален!

Стравот никогаш не бил и никогаш нема да биде реален. Нашиот систем на верување и нашите умови ни поставуваат граници кон непознатото, го ограничуваат нашиот вистински потенцијал. Едноставно е, кога не знаете како да направите нешто или кога не ја сфаќате поентата, не му дозволувајте на стравот да ве совлада. Наместо тоа пронајдете начин да го направите тоа нешто и обидувајте се додека не успеете. Никој не се родил учен. Секој учи од некаде или од некого. За да се справите со вашите стравови, соочете се со нив.

5. Мали чекори

Важно е да знаете дека бавниот напредок е подобар од лажниот напредок. Кога брзате да направите нешто, голема е веројатноста да испуштите нешто. Можеби наградата е огромна, но истото важи и за неуспехот кога ќе предадете проект кој не е целосно функционален. Правете мали чекори. Ако треба, дури одвојте една недела за работи кои бараат само еден ден. Немојте да ги испуштите деталите. На овој начин ќе обезбедите бавен, но сигурен раст.

6. Не претпоставувајте дека знаете што мислат другите

Иако звучи едноставно, не значи дека ова не е важно. Претпоставките само ќе го окупираат вашиот ум со несакани заклучоци. Зарем не мислите дека другите имаат поважни нешта во животот отколку постојано да мислат на вас?

7. Ценете

Што побрзо ќе научите да ги цените работите, толку подобро за вас. Забележете дека како што стареат, луѓето разбираат повеќе. Повеќе ги ценат врските, луѓето, па дури и материјалните добра кои ги поседуваат. Благодарноста и ценењето се патот кон среќата. Пробајте ги и ќе се просветлите.

Погледнете ги и најкратките совети за среќа кои треба да си ги повторувате секој ден.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар