7-те модни правила на Ава Гарднер за отмен, префинет и заводлив стил

Со својата префинетост, таа оставила траен белег во убавината и елеганцијата во златната доба на Холивуд. Препознатливиот заводлив стилски потпис на Ава Гарднер е актуелен и денес. Оваа холивудска филмска дива е една од актерките чие име станало синоним за убавина и гламур.

7-те модни правила на Ава Гарднер за отмен, префинет и заводлив стил

Нејзината кариера започнала во 1942-ра година со помали улоги во просечни филмови. Веќе во 1947-мата година таа го добила статусот на ѕвезда и станала една од најпознатите актерки во тој период. Ако сакате да го копирате безвремениот стил на оваа дама, погледнете некои од нејзините клучни стилски правила.

7-те модни правила на Ава Гарднер за отмен, префинет и заводлив стил

1. Фустанот со една рамка е како тајно оружје.

2. За опуштен и елегантен изглед, омилената кошула комбинирајте ја со карирани панталони.

7-те модни правила на Ава Гарднер за отмен, префинет и заводлив стил

3. Нагласете ја вашата фигура со широк фустан и елегантен колан.

4. Драматичниот широк шешир е одличен моден додаток во свечени прилики.

7-те модни правила на Ава Гарднер за отмен, префинет и заводлив стил

5. За префинет дневен изглед, на едноставниот црн фустан додајте му бела свилена марама.

6. Кога станува збор за модните додатоци, повеќе е повеќе. Вечерната тоалета со црна боја украсете ја со дијаманти и кристали.

7-те модни правила на Ава Гарднер за отмен, префинет и заводлив стил

7. Изборот на костим за капење е важен како и изборот на свечена тоалета. Одберете модел кој ѝ одговара на вашата фигура. Костимите со висок струг создаваат илузија на потесна половина и поголем задник.

Погледнете ги и овие трикови кои ќе ве претворат во вистинска модна ѕвезда.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар