7 тајни за изгледот на најубавата жена во Европа кои лесно можете да ги вклучите во вашата рутина

7 тајни за изгледот на најубавата жена во Европа кои лесно можете да ги вклучите во вашата рутина

Елизабет од Баварија, попозната под прекарот Сиси, била сопруга на царот Франц Јозеф и владетелка на Австрија. Таа живеела од 1837 до 1898 година, а била нарекувана најубавата жена во Европа во овој период. Царицата Сиси била позната по својот тенок струк чиј опсег изнесувал 48 сантиметри. Тоа воопшто не е чудно, бидејќи на менито на оваа европска убавица се наоѓале мали количини храна и нискокалорични намирници како белка од јајце, а само понекогаш си дозволувала слатки залаци во вид на шербет од јагоди.

1-7-tajni-za-izgledot-na-najubavata-zhena-vo-evropa-koi-mozhete-lesno-da-gi-vkluchite-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_

1. Ја миела косата со есенција од јајце и коњак

Царицата Сиси имала коса долга до глуждовите, што било нејзината најголема гордост и радост. Иако била толку долга и тешка што ѝ предизвикувала главоболки, не сакала да ја потстрижува. На секои 14 дена слугите ѝ ја миеле косата со комбинација од јајца и коњак, што поради должината на влакната знаело да трае цел ден.

2. Се бањала со маслиново масло

Секоја вечер се бањала во топла вода која била збогатена со маслиново масло за да ја одржи својата кожа мека и мазна. Маслиновото масло содржи витамини А и Е кои благотворно делуваат на најголемиот човечки орган.

3. Го миела лицето со оцет од темјанушки

За да ја заштити кожата на лицето од црвенило и воспаленија, таа редовно го миела со ружина вода или со онаа од лаванда. Во посебни прилики користела оцет од темјанушки кој се изработувал од свежо набрани цветови од темјанушки, јаболков оцет и дестилирана вода.

4. Го мачкала лицето со крем од ружа

Легендата вели дека Сиси никогаш не излегувала во дворецот без да ја хидрира кожата. Обично го мачкала лицето со крем кој го изработувале нејзините слуги. Еве го рецептот: Дваесетина пупки од роза се варат во малку дестилирана вода, а потоа се додаваат ланолин и несолен путер. Овој крем треба да се чува на ладно место.

2-7-tajni-za-izgledot-na-najubavata-zhena-vo-evropa-koi-mozhete-lesno-da-gi-vkluchite-vo-vashata-rutina-www.kafepauza.mk_

5. Спиела со телешко месо на лицето

Царицата понекогаш спиела со парче телешко месо на лицето, кое го стабилизирала со кожна маска. Црвеното месо има антиинфламаторен ефект, додека кератинот дејствува како маска против стареење. Овој третман ѝ подарил свеж и младешки изглед.

6. Користела маска од изматени белки од јајце

Омилената маска за лице на царицата Сиси се состоела од 60 милилитри ружина вода, 30 милилитри млеко, 15 милилитри сок од грозје, 5 капки есенцијално масло од темјан и две изматени белки од јајце. Ја нанесувала на лицето пред спиење, а наутро ја измивала.

7. На лицето нанесувала крем од полжави

Во своите бјути рутини била доста напредна, па користела крем за лице на база на полжави чиј благотворен ефект за кожата им е познат и на славните дами во денешниот свет. Нејзиниот крем се состоел од маст, корен од слез и иситнети полжави. Го држела на лицето по четири часа.

Дознајте нешто повеќе за приказната на тажната принцеза Елизабет од Баварија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар