7 ситуации во кои слободно можете да кажете „По ѓаволите!“

Луѓето постојано измислуваат и тестираат нови начини за избегнување на мрзливоста, како и за одложување и за зголемување на продуктивноста. Поради ова, ние забораваме дека не мора да бидеме како робот кој следи стриктен распоред за да сме среќни. Не станува збор за тоа да станете неодговорна личност, но постојат ситуации кога е во ред да се опуштите. Погледнете неколку од овие ситуации во кои можете да кажете „По ѓаволите“, а да не се чувствувате лошо.

7-situcaii-vo-koi-slobodno-mozhete-da-kazhete-neka-odi-po-gjavolite-kafepauza.mk

1. Кога сте несреќни

Многу песимистички настроените луѓе се доведуваат до депресивна состојба и не се ни свесни дека самите си се извор на сопствената несреќа. Тие напорно работат, спијат малку, јадат брза храна, го преоптоваруваат нивниот ум со непотребни информации, користат електроника 24 часа на ден и живеат според правилата и очекувањата на некој друг. Ова е најчестиот рецепт за несреќа.

Ако сметате дека и вие сте жртва на овој циклус и сметате дека мора да промените нешто, почнете со фразата „По ѓаволите!“ Едноставно откажете се од сè што ве прави несреќни. Оваа навидум тешка одлука ќе ви ги исчисти умот и срцето од негативните мисли. Ќе имате можност да го разгледате вашиот проблем и да свртите нов лист.

2. Кога не знаете што да носите

За разлика од мажите, жените се многу поопседнати со својот изглед, но е неверојатно тешко да изгледате постојано како модел. Сигурно повеќето луѓе не ни забележуваат што сте облекле денес. Ако немате нова облека, а немате ни пари за да ја купите, игнорирајте ги трендовите и облечете нешто што прави да се чувствувате удобно.

3. Кога сакате да останете дома

Кога ќе го одбиете вашиот пријател за излегување, сигурно мислите дека сте мрзеливи. Но многу е поважно да ги задоволете вашите потреби. Ако денес не сакате да излегувате, никому не му должите објаснување за тоа.

4. Кога сте лути некому

Гневот е негативна навика која може да му наштети на вашето здравје. Луѓето не можат да ги читаат вашите мисли, па ако некој ви згрешил кажете му и обидете се да најдете решение, наместо да го чувате гневот во себе. Ако навистина ја сакате личноста која ви згрешила, не треба да ѝ го давате „третманот со молчење“ или пак да се одмаздувате. Ова само ќе ја расипе вашата врска или пријателство.

5. Кога сте на диета, но сакате да изедете нешто вкусно

Секој од нас сонува за совршеното тело, но патот до него понекогаш е навистина тежок. Токму затоа и ако некогаш сакате да изедете нешто вкусно кое одамна го немате пробано, дозволете си. Не мора да се прејадете, но едно колаче сигурно нема да ви наштети.

6. Кога сте вљубени

Љубовта е најубавото но и најкомплицираното чувство на светот. Ако љубите некого, зошто да не си ја пробате среќата? Иако постои можност да бидете одбиени и повредени, овој чекор може ќе ви помогне да ја најдете вистинската љубов.

7. Кога треба да се разделите со вашиот топол кревет

Можеби една од најтешките работи е станувањето наутро. Па понекогаш продолжете си го „излежувањето“. Не ви велиме да станете неодговорни и да спиете наместо да одите на работа, туку наместо да поминете пола час пред огледало обидувајќи се да изгледате совршено, поминете го тоа време во кревет, а потоа облечете нешто едноставно.

Погледнете и како да го создадете животот кој отсекогаш сте го посакувале.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар