7 ситници кои ќе ви го подобрат животот

Доколку во вашиот стан немате ништо од овој список, променете го тоа што побрзо, затоа што едно истражување покажало дека токму овие нешта го зголемуваат задоволството. А вие како и сите луѓе во светот, сакате да уживате во вашиот дом, од кој очекувате да ви пружи удобност и засолниште од надворешниот метеж.

1. Зелени или жолти ѕидови

7 ситници кои ќе ви го подобрат животот

Истражувањето кое било објавено од еден американски универзитет вели дека од целата палета бои овие две нијанси најмногу го поттикнуваат чувството на среќа. Знаеме дека е голема промена ако ги бојадисате ѕидовите зелени или жолти, па затоа за почеток експериментирајте само со декорации во овие бои на одредени ѕидови.

2. Свежо цвеќе

7 ситници кои ќе ви го подобрат животот

Научниците покажале дека свежото цвеќе ги активира хормоните за среќа и го зголемува чувството на среќа во животот. Затоа одете до најблискиот пазар или цвеќара и купете го она свежо цвеќе кое најмногу ви се допаѓа.

3. Фотографии

(6)-7-sitnici-koi-kje-vi-go-podobrat-zhivotot-kafepauza.mk

Доколку на вашата тоалетна масичка покрај креветот моментално има место само за книги, полнач и чаша вода, тогаш што поскоро заменете ги со вашите омилени семејни фотографии. Истражувањата покажуваат дека таквите фотографии евоцираат среќа и чувство на мир и спокојство.

4. Дневник

7 ситници кои ќе ви го подобрат животот

Тренингот и медитацијата помагаат да ја исфрлите негативната енергија од себе и да оставите простор за позитивно размислување. Меѓутоа, доколку немате време за тренинг или медитација, обидете се со пишување дневник бидејќи е докажано дека се постигнува истиот ефект.

5. Куче

7 ситници кои ќе ви го подобрат животот

Многу истражувања потврдуваат дека кучето навистина е најдобриот човеков пријател и дека секој миленик на својот сопственик му причинува огромно задоволство и среќа. Домашните миленици исто така го подобруваат и квалитетот на живот на својот сопственик, како и му овозможуваат безрезервна љубов и поддршка.

6. Наместен кревет

7 ситници кои ќе ви го подобрат животот

Можеби ви изгледа смешно, но обидете се местењето на вашиот кревет да ви стане утринска рутина, за да го започнете денот добро и организирано. Според резултатите од истражувањата, 71 процент од луѓето кои го местат својот кревет секое утро се сметаат себеси за среќни луѓе, додека 62 проценти од тие што не го местат се чувствуваат несреќно.

7. Минимализам

7 ситници кои ќе ви го подобрат животот

Научниците велат дека постои врска помеѓу хормонот кој предизвикува стрес и луѓето кои поседуваат куќи и станови со огромен број предмети. Колку повеќе покуќнина имате во вашиот дом, толку повеќе доживувате стресни искуства, затоа што неуредните домови луѓето ги поврзуваат со неуспех. Смалете го нередот и зголемете ги шансите за среќа и благосостојба.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар