7 реченици што не смеете да им ги кажете на жените кои се борат за да забременат

7 реченици што не смеете да им ги кажете на жените кои се борат за да забременат

После многу борби и ординации, една жена на крајот сепак успеала да ја добие улогата што силно ја посакувала, улогата на мајка. Сепак, тој пат ниту малку не бил лесен, а во некои моменти оние кои всушност би требало да ѝ помагаат, дополнително ѝ отежнувале. Затоа таа составила листа на работи кои никогаш не смеете да им ги кажете на паровите кои се борат со стерилитет или едноставно им оди потешко да добијат дете.

1-ovie-raboti-nikogash-ne-smeete-da-im-gi-kazhete-na-parovite-koi-se-borat-za-da-dobijat-potomstvo-www.kafepauza.mk_

1. Заборавете на прашањата од типот: „Што чекате?“ „Кога ќе имате бебе?“ „Дали работите на случајот?“

Доколку личноста која ја прашувате ви е блиска, веќе би биле упатени во постоењето на проблемот. Доколку не ви е доволно блиска, апсолутно е непријатно да го пикнете носот во нечија интима. Сигурни сме дека не сакате да расплачете некого со таквото прашање, затоа гризнете се за јазик пред да го поставите. Освен тоа, планирањето на семејство е сосема лична работа, дури и кога не постои одреден проблем. Прашањето во врска со тоа е непристојно, иако веруваме дека сте го поставиле без посериозна намера.

2. Не замерувајте доколку дојде до одбивање на вашиот повик за крштевка, родендени и слични настани во врска со вашите деца

Жените кои се борат да добијат потомство искрено се радуваат на секое туѓо дете. Тие не се ниту зли, ниту лоши, но имајте на ум дека настаните од овој тип се исклучително болни за нив. Тие со задоволство ќе присуствуваат, стоечки ќе го поднесат целиот настан, но во 90% од случаите таа ноќ ќе заспијат облеани во солзи. Ова, секако, не значи дека не треба да ги повикате на забавите (тука ризикувате да се чувствуваат отфрлено). Ваше е да ги повикате, а нивно е да одлучат дали можат или не можат да се носат со тоа.

3-ovie-raboti-nikogash-ne-smeete-da-im-gi-kazhete-na-parovite-koi-se-borat-za-da-dobijat-potomstvo-www.kafepauza.mk_

3. Не зборувајте им да се опуштат и дека бебето ќе пристигне кога нема да мислат на тоа

Ова е најиритирачкиот совет кој можете да го дадете во оваа ситуација. Тоа можете да му го кажете на некого кој се обидува да забремени месец, два или три. Тогаш можеби би имало смисла. Меѓутоа, таму каде што постои очигледен медицински проблем, реченицата „Опушти се и не мисли на тоа“ значи откажување! Стерилитетот е проблем кој не може да исчезне сам од себе, само затоа што нема да мислите повеќе на него. За жал, вистината е дека ќе размислувате само за него. И така ќе биде, сѐ додека не стигнете до целта.

4. Не делете совети ако не сте прашани за нив

Тоа што на снаата од вашата комшика ѝ помогнал некој чај или бања, не значи дека ќе му помогне и на некој друг. Секој проблем е апсолутно индивидуален, а бидете сосема сигурни дека жената која одлучила да стави во себе 40 хормонски инјекции во текот на подготовката за ин витро оплодување, сигурно пред тоа ги испробала апсолутно сите алтернативни методи, вклучувајќи го и постот од 40 дена и одењето во манастир.

5. Избегнувајте го изразот „вештачко оплодување“.

Жените се особено чувствителни на него. Се вели „ин витро оплодување“, никако „вештачко“. Овие жени се доволно фрустрирани од фактот дека мораат да поминат низ илјада и еден понижувачки, па и болен преглед, да го избодат задникот со инјекции, само за да добијат бебе, нешто што вие сте го добиле после само една романтична и страсна ноќ. И тие ќе добијат вистинско бебе после 9 месеци, па не нарекувајте го оплодувањето вештачко!

2-ovie-raboti-nikogash-ne-smeete-da-im-gi-kazhete-na-parovite-koi-se-borat-za-da-dobijat-potomstvo-www.kafepauza.mk_

6. Не мешајте се во текот на нивната борба

Јас лично имав неверојатна среќа, па ин витро оплодувањето ми успеа уште од првиот обид. За време на бременоста, а и потоа, запознав жени кои минувале низ оваа постапка три, пет, па и девет пати и се наслушав секакви приказни. „Гледате дека не ви оди, зошто не купите куче?“, „Зошто едноставно не посвоите дете?“, „Очигледно е Божја волја да немате дете, зошто воопшто работите против неговата волја?“… Тоа се ужасни прашања и коментари кои за среќа не ми беа поставени на мене. Имајќи го тоа на ум, без разлика колку сте блиски со личноста која минува низ неуспешните обиди за забременување, никогаш немојте да кажувате нешто слично. Желбата за потомство е исконска, природна потреба скоро на секоја жена на светот, и одлуката да дигне раце од неа е најверојатно најтешката одлука која треба да ја донесе во животот. Доколку навистина мора да дојде до тоа, оставете ги да одлучат сами. Не сакате да го носите тој крст на вашите гради!

7. Не жалете се од своите деца во нивно присуство

Можеби сте го направиле тоа и намерно, од најдобра намера, но верувајте ни дека вашите непроспиени ноќи и „невозможни“ деца нема да нè утешат, ниту да нè натераат да се откажеме од понатамошната борба. Напротив, и понатаму силно сакаме да бидеме во вашата кожа, и поголемиот дел од нас навистина и го чека тоа, но претходно мораме да поминеме и низ ова. Со други зборови, не правете жртви од себе во желбата да ја намалите нашата жртва.

Доколку немате некој посериозен медицински проблем, прочитајте ги овие совети и исхрана за зголемување на плодноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар