7 реченици кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на жена која се разведува

Разводот е еден од најстресните настани во животот. Жената која се разведува е особено чувствителна во овој период, па понекогаш дури и најдобронамерните совети и изјави од пријателите можат да имаат негативен ефект врз неа, правејќи да се чувствува уште полошо од претходно.

7 реченици кои никогаш не смеете да ѝ ги кажете на жена која се разведува

1. Избегнувајте ја изјавата: „Па, поголемиот број луѓе се разведуваат, ти не си единствена.“

Наместо тоа, кажете ѝ: „Знам дека за тебе твојот брак беше единствен, посебен и поинаков. Но, вистинската љубов на крај секогаш победува, па во моментов најважно е да опростиш бидејќи секое заздравување се темели на опростувањето.“

2. Избегнувајте ја изјавата: „И јас мислев дека нешто не е во ред со вас периодов.“

Наместо тоа, кажете ѝ: „Кога ве видов последен пат изгледавте убаво и исполнето. Ова што сега ми го кажуваш навистина ме изненадува. Раскажи ми сè што се случи помеѓу вас.“

3. Избегнувајте ја изјавата: „Љубоморна сум ти дека почнуваш од почеток.“

Наместо тоа, кажете ѝ: „Одвои колку време и да ти е потребно за да си ги средиш мислите. Јас ќе бидам покрај тебе.“

Дополнителен совет: Избегнувајте да ги спомнувате сите негативни емоции кои жената ги чувствува во процесот на разведување, меѓу кои се и љубомората и стравот од нов почеток.

4. Избегнувајте ја изјавата: „Јави ми се ако ти треба нешто.“

Наместо тоа, кажете ѝ: „Ајде заедно да одиме на викенд како во старите добри времиња.“

Дополнителен совет: Личноста која се наоѓа во тешка ситуација нема да побара сама помош, бидејќи ќе ѝ биде непријатно. Жената која се разведува нема да сака да ве мачи со нејзините проблеми, па често може да премолчува. Токму затоа вие треба да бидете онаа која ќе иницира заеднички активности.

5. Избегнувајте ја изјавата: „Го мразам твојот сопруг.“

Наместо тоа, кажете ѝ: „Мислам дека ти и твојот сопруг одлично функциониравте и многу напредувавте во вашата заедница.“

Дополнителен совет: Со таа изјава ѝ кажувате на вашата пријателка дека нејзиниот избор бил ужасен, па токму затоа и негативно ќе влијаете врз нејзината самодоверба.

6. Избегнувајте ја изјавата: „Го видов пред некој ден. Изгледаше ужасно.“

Наместо тоа, не ѝ кажувајте ништо. Доколку го видите нејзиниот бивш партнер, подобро е да премолчите бидејќи таа исто ќе посака да го види.

7. Избегнувајте ја изјавата: „Потребна ти е кратка авантура.“

Наместо тоа, кажете ѝ: „Ајде да се забавуваме заедно.“

Дополнителен совет: Доколку жената која се разведува се впушти во кратка сексуална авантура, таа може да се почувствува уште полошо од претходно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар