7 работи на кои треба да поработите за да имате подобра врска

Без разлика каков карактер имате и каква е врската во која се наоѓате, работењето на следниве неколку работи, може да ви помогне да го подобрите односот со вашиот партнер.

7 работи на кои треба да поработите за да имате подобра врска

Комуникација

Во оваа категорија влегуваат неколку главни вештини. Треба да знаете да го слушате вашиот партнер, да делите совети и да се чувствувате искрено. Воздржете се од критикување и натерајте го партнерот да почне да ги споделува со вас неговите емоции.

Решавање на конфликтите

За решавање на конфликтите најважно е да знаете да го задржите фокусот на темата на разговор, да можете да останете во моментот, односно да не набројувате што ви смета од минатото. Исто така треба да знаете кога е време да престанете и да се извините или да простите.

Познавање на партнерот

Која е омилената боја на вашиот партнер? Кое јадење најмногу го сака? Покрај директната комуникација, општото познавање на вашиот партнер, е многу моќен начин да му покажете дека се грижите за него и дека знаете да му посветите внимание.

Грижа за себе

Дали редовно вежбате и се грижите за својот изглед? Истражувањата покажуваат дека покрај тоа што луѓето сакаат нивниот партнер да придонесува со одредено ниво на сигурност во нивниот живот, сакаат тој да се грижи и за својот изглед.

Работење на себе

Луѓето кои си ги знаат своите добри и лоши страни, секогаш тежнеат кон подобрување и напредок. Тие знаат во секое лошо да најдат добро и напорно работат да ги постигнат своите зацртани цели.

Секс и романтика

Треба да се грижите да ги задоволувате потребите на партнерот, да одвоите време за интимност, но и да престанете да го окривувате партнерот кога нема да ви оди добро на тоа поле. Доколку работите не течат како што треба, тогаш морате да се погрижите на секаков начин да ја подобрите ситуацијата.

Справување со стресот

Знаете ли како да дишете, медитирате или да визуализирате во ситуациите кога сте под стрес? Доколку знаете да се справите со стресните ситуации во животот и врската ќе ви биде на подобро ниво.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар