7 работи кои не треба да ги правите кога сте лути

7 работи кои не треба да ги правите кога сте лути

Некои луѓе веруваат дека бесот е само слабост, што можеби е вистина. Тоа чувство како да си поигрува со нашите умови и нè тера да донесеме избрзани и неретко лоши одлуки. Гневот може да ги уништи нашите социјални и семејни врски и да ѝ штети на нашата работа. Колку и да е тешко во моментот, мора да научиме да го контролираме бесот и да не му дозволиме да управува со нас.

Еве што не треба да правите кога сте лути.

7 работи кои не треба да ги правите кога сте лути

1. Да го покажете вашиот гнев на социјалните мрежи

Неретко луѓето ги одбираат социјалните мрежи за да го покажат својот бес и своите емоции со цел да информираат поголема маса на луѓе за тоа како се чувствуваат. Не правете го ова, зошто да споделувате негативна енергија наместо благосостојба? Плус, реално, на вашите виртуелни пријатели не им е грижа за тоа како се чувствувате, па со постирањето на вашиот гнев нема да постигнете ништо освен да изградите негативна слика за себеси. Осврнете се на оние околу вас, побарајте личност со која може да разговарате и работете на вашите емоции. Разговорот во живо е секогаш подобра опција.

2. Да донесувате големи одлуки

Или какви било одлуки. Кога сте лути не размислувате разумно, па не донесувајте никакви решенија, никакви одлуки, туку почекајте и решете со „ладна“ глава. За што и да речете, ветите или одлучите кога сте бесни, подоцна ќе зажалите. Гневот ќе влијае негативно и со сигурност ќе донесете многу лоша одлука.

3. Да дозволите поради вашиот бес да се однесувате лошо со другите

Не дозволувајте вашиот бес да влијае на некој кој воопшто не е засегнат со вашата ситуација. Ова е можеби најтешката задача. Често бесот го истураме на оној кој се погодил да биде во наша близина а воопшто не придонел за таа наша состојба. На пример, ако ве изнервирал колегата од работа, воопшто не е праведно да им го упропастите денот на вашите дома. Колку и да е тешко, најдете начин да се справите со бесот или да се дистанцирате од луѓето на некое време. Голема е веројатноста да кажете многу работи за кои подоцна ќе се покаете, ако не и навреди и зборови кои другата страна нема да ви ги заборави.

4. Да возите

Многу јасно, држете се подалеку од колата. Викнете такси, одете пеш, одберете јавен превоз. Голема е веројатноста да возите лошо, ако не и да предизвикате несреќа кога сте во ваква состојба. Зошто да ја загрозувате вашата безбедност, како и безбедноста на другите поради моментално чувство?

7 работи кои не треба да ги правите кога сте лути

5. Да се впуштате во дискусии

Кога сте бесни не е време да му докажувате на јавниот службеник како лошо си ја работи работата. Така само го зголемувате вашиот гнев и ова не помага. Одбегнувајте дополнителни кавги и дискусии.

6. Да им се вратите на лошите навики

Поради бесот може да запалите цигара по цели 5 години или да му се вратите на алкохолот ако некогаш сте имале проблеми со него. Доколку често сте изложени на стрес, паметно е да вежбате. Физичката активност го покачува нивото на серотонин, што ќе ве направи поотпорни и поиздржливи кога станува збор за бесот. Исто, паметно е да развиете ваша шема по која ќе се раководите кога сте лути или под стрес. Што ве опушта? Како најдобро се справувате со лутината?

7. Да се социјализирате

Пријателите или колегите нема да ви помогнат да се ослободите од бесот, но дури и да можат да ве смират, сепак ќе бидат под влијание на вашите негативни чувства. Одбијте ја поканата за кафе кога сте ифрит лути. Не сакате да им ја расипете атмосферата. Истрчајте некој километар и наредниот викенд организирајте средба со вашите пријатели со која ќе им надоместите за вашето отсуство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар