7 работи кои девојките не ги знаат за момците

7 работи кои девојките не ги знаат за момците

Постојат мажи кои не ги знаат основните работи поврзани со нивните девојки, како големината на градникот кој го носи, омиленото цвеќе и сл. Но и девојките не се баш најдобро запознаени со некои работи поврзани со момците. Еве што потајно признаваат припадниците на „погрубиот“ пол.

7 работи кои девојките не ги знаат за момците

1. Не им зборува многу на пријателите за вас, но понекогаш зборува за бившите

Во ред, да не збеснуваме веднаш, не е толку страшно. Како прво, ние сме многу полоши во врска со озборувањето со нашите пријателки. Во секој случај, тој нема да им зборува многу за вас на своите пријатели, сепак не би сакал тие да ве замислуваат гола. Но одвреме-навреме кога ќе посака да се пофали, би зборувал за некои поранешни искуства со други девојки. Ситуацијата не е алармантна. Покрај сè, мажите многу почесто зборуваат за спорт или автомобили, ние сме тие кои многу често развиваат полемики за љубовта, сегашните и бившите партнери.

2. Тој мисли дека и други девојки се „жешки“

Никој не е светец, впрочем и вие мислите за некој дечко дека е згоден или сладок. Да, тој може да мисли дека келнерката е слатка, или дека вашата другарка е згодна или дека некоја глумица е навистина секси. Но, тоа не значи дека тој би сакал да има нешто со нив или дека ги вреднува повеќе од вас. Мажите се визуелисти, многу често си создаваат слика во мозокот за многу девојки. На крајот на краиштата, природата такви ги создала.

3. Некогаш ги користи вашите продукти за убавина

Ова може да значи дека неговиот шампон се потрошил па ќе посегне по вашиот, кој всушност ѝ дава волумен, сјај и цврстина на косата. Не дека му се важни карактеристиките на шампонот, нему му треба средство за да си ја измие косата. Но, не значи дека не би посегнал по вашиот крем за подочници или пудра за лице доколку во моментот не се чувствува убаво и привлечно.

4. Постојат многу „машки работи“ кои не знае да ги направи

Си замислуваме дека секој маж знае да ги прави т.н. „машки работи“, но постојат исклучоци. Упатствата за менување гума на автомобилот, менување сијалица, поправање некаков електронски уред, не доаѓаат со самиот факт што е машко. Како што и вие не ги знаете сите „женски работи“, така и тој не ги знае сите „машки“.

5. И нему може да му фали самодоверба

Многу често жените знаат да се жалат за својата тежина, изгледот, косата и сл. Но, не значи дека мажите секогаш се задоволни со својот изглед или дека не им е воопшто грижа. Напротив, и нему му смета неговиот голем стомак и ќе бара начин да го намали, или да си ја поправи фризурата. Разликата е во тоа што жените се многу поопседнати со тие работи и повеќе се жалат, но не значи дека мажите не се воопшто.

6. Плаче на романтични филмови

Тој може да се жали дека е присилен од неговата девојка да ги гледа, но всушност многу романтични филмови и сам би пуштил да ги гледа доколку тоа би му го дозволувало егото. Можеби ние многу почесто би заплакале на романтичен филм или книга и многу повеќе ги сакаме, но некои од нив и мажите со задоволство би ги гледале/читале.

7. Мастурбира многу повеќе отколку што мислите

Не дека причината сте вие или дека нема доволно секс, тие едноставно така функционираат. Мажите признаваат дека мастурбираат редовно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Гоџо Reply

    Добро, кој не знае да смени сијалица? И зошто е машка работа? Као тешко е?

    • Моментално_Хејтер Reply

      Пример е тоа бе интелигентен… се гледа колку знаеш да смениш сијалица…

Остави коментар