7 работи кои би требало барем еднаш во животот да ги направите со вашата мајка

7 работи кои би требало барем еднаш во животот да ги направите со вашата мајка

Секој однос помеѓу мајка и ќерка се разликува и постојано се менува. Можеби дури сега сте сфатиле што ви кажувала вашата мајка кога сте биле тинејџери, дека таа ви недостига, бидејќи не поминувате многу време со неа или и самите станувате нова мајка и потребна ви е нејзината поддршка. Без разлика каква е вашата ситуација, треба да ја зајакнете и да ги освежите спомените кои ќе ги памтите засекогаш.

1-7-raboti-koi-bi-trebalo-barem-ednash-vo-zhivotot-da-gi-isprobate-so-vashata-majka-www.kafepauza.mk_

1. Поминете ја саботната вечер со чаша добро вино

Сега кога и двете сте пораснати, можете заеднички да се опуштите со разговор и некое квалитетно вино. Одведете ја вашата мајка во некоја винарија, бар кој е специјализиран за вино и сирење, или едноставно изберете нешто што сакате и дома организирајте интимно дружење каде што можете да разговарате за сите теми без попречување.

2. Опуштете се заедно во некој центар за убавина

Резервирајте термин за нега на лице и тело за вас и за вашата мајка. Масажи, третмани на лице, маникир, педикир и опуштање во зен атмосфера со пиење чај или пак некоја друга заедничка активност и притоа чувствувајте се опуштено и освежено во текот на целиот ден. Исто така, можете да разговарате и за тоа што најмногу ви пречи или одговара на вашето тело и да споредувате колку гени сте наследиле од неа.

2-7-raboti-koi-bi-trebalo-barem-ednash-vo-zhivotot-da-gi-isprobate-so-vashata-majka-www.kafepauza.mk_

3. Одведете ја на излет што уште долго ќе го памети

Земете го автомобилот, подгответе некоја храна и отидете во природа – на плажа, во парк, на планинарење или организирајте излет во шума. Во кошницата за пикник ставете ја нејзината омилена храна и пијалак, па опуштете се со црцорењето на птиците или со шумот на морето. Заедно присетете се на некои посебни излети и одмори додека вие сте биле мали.

4. Прегледајте ги старите албуми

Нема ништо поинтересно од присетувањето на интересните анегдоти, чудните модни комбинации, училишните приредби, летувања и стари пријатели кои ги кријат страниците од семејните албуми. Прашајте за некои постари слики, кои се создадени пред вас или додека сѐ уште сте биле мали. Можеби вашата мајка ќе ви открие некои нови работи кои не сте ги знаеле претходно или не сте смееле да ги знаете. Ако ова го комбинирате со саботната винска вечер, веруваме дека ќе поминете доста интересно и квалитетно време со вашата мајка.

5. Одведете ја на берење грозје или јаболка

Семејните градини кријат изобилство од овошје кое сте го береле и сте го јаделе „веднаш од гранка“, бидејќи ништо не можело да ви наштети од домашните јаболка или круши. Вашата баба и мајка од нив печеле колачи, приготвувале мармалад или правеле напивки, а вие само сте ја гледале целата таа процедура и сте „краделе“ по некоја лажичка мармалад. Сега е време и вие заедно со вашата мајка да приготвите нешто. Наберете убаво домашно овошје од семејниот овоштарник, или одведете ја на берба на грозје кај некој ваш пријател. Освен што ќе се дружите, забавувате и ќе помините време на свеж воздух, можете заедно да испечете или да приготвите нешто од набраните плодови како награда за крајот на денот, а тоа ќе ви даде уште неколку прилики за да поразговорите за заеднички поминатиот ден.

3-7-raboti-koi-bi-trebalo-barem-ednash-vo-zhivotot-da-gi-isprobate-so-vashata-majka-www.kafepauza.mk_

6. Запишете се заедно на курс за готвење

Ако сакате да готвите, ова е идеален начин да научите нешто ново заедно. Италијанската, француската или азиската кујна се богати со разни трикови и рецепти за подготовка на храна, така што можете да научите некои новитети во готвењето. Обидете се подоцна заедно да подготвите неколку нови, возбудливи јадења за семејните собирања и празници.

7. Филмски маратон

Споделете ја љубовта кон омилените филмови во едно дождливо попладне. Исто како кога сте биле мали, стоплете се со шолја чај покрај вашата мајка во креветот, па започнете по ред, од нејзината омилена „Казабланка“, сè до вашиот „Господар на прстените“. Коментирајте ги сцените, плачете и смејте се повторно преживувајќи ги најомилените сцени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар