7 придобивки од секојдневното пиење маслиново масло

Иако звучи дека една чаша маслиново масло е премногу за вашето тело, дефинитивно има придобивки од неговото консумирање. Всушност, маслиновото масло е многу корисно – можете дури да го користите и за чистење и мали поправки.

(10)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Многу лекари препорачуваат да користите здрави масти кога ја готвите вашата храна, како на пример, маслиново масло. А потем можете и да голтнете една лажичка од него. Па, што се случува кога ќе почнете да пиете маслиново масло?

Што всушност е маслиновото масло и зошто треба да го пиете?

(1)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Маслиновото масло, како што си кажува името, се добива од маслинки. Плодот на маслинките се мели, а потоа се притиска и се цеди маслото. Постојат повеќе видови маслиново масло со различен квалитет. Најквалитетното е екстра девствено маслиново масло.

Совет за купување: Квалитетното девствено маслиново масло секогаш се продава во темно шише, а датата на производство треба да е скорешна.

1. Добро е за мозокот

(2)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Маслиновото масло е одлично за вашиот мозок бидејќи е полно со здрави масти. Липидите во маслото помагаат при одржувањето на нервните патишта во вашиот мозок, а ова им овозможува на мозочните импулси да се движат поефикасно.

На кратко: Маслиновото масло ќе ви помогне да размислувате побрзо.

2. Му помага на вашето срце

(3)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Маслиновото масло е суперхрана за вашето срце. Нашето тело има потреба од масти, но многу често ги добиваме од погрешни извори. Премногу црвено месо, пржена храна и сирење можат да ги блокираат вашите артерии. Од друга страна, мастите што ги добиваме од маслиновото масло го подобруваат здравјето на срцето и ги одзатнуваат артериите – ако го комбинирате со вистинската храна.

Кога го комбинирате маслиновото масло со зелен лиснат зеленчук, вие создавате нитро масни киселини кои ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат крвниот притисок.

3. Ја подобрува работата на цревата

(4)7-pridobivki-od-pienjeto-maslinovo-maslo-sekoj-den-kafepauza.mk

Не треба да ве изненади фактот дека маслиновото масло е одлично за вашиот дигестивен систем. Ако сте склони кон констипација, една лажичка маслиново масло секој ден ќе направи огромна разлика. Секако, треба да пиете и многу вода.

Маслиновото масло ги „подмачкува“ цревата, па отпадот се движи полесно низ нив. Но, немојте да консумирате повеќе од една лажица бидејќи постои ризик од дијареја.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар