7 причини зошто постојано сте нервозни

Повеќето луѓе стануваат нервозни ако не спиеле доволно или ако се гладни. Но, постојат и поединци кои постојано се нерасположени без никаква особена причина. Сепак, секогаш има причина за нервозата што ја чувствувате. Многу е важно да се грижите за себе за да не му дозволите на гневот да ви ги наруши односите со другите. Наместо да ги потиснувате емоциите, обидете се да се соочите со нив. Тоа можете да го направите преку разговор со близок пријател, водење дневник или уметничко изразување.

7 причини зошто постојано сте нервозни

Особено корисно е доколку го истурате гневот преку физичка активност, како на пример трчање, боречки вештини или танцување. Ако постојано се чувствувате нервозни, време е да се ослободите од притисокот преку пријателска поддршка, спиење или уживање во активностите што ги сакате. Во продолжение, прочитајте ги најчестите причини за хроничната нерасположеност…

1. Нешто ви пречи

Вашето лошо расположение можеби не се должи на ништо конкретно, но сигурно постои нешто што се крие под површината. Повеќето луѓе не се свесни за нивните вистински чувства и не знаат како да ги изразат. Но, изразувањето на емоциите може да ве ослободи од стресот, фрустрациите и негативните емоции што можеби се главната причина зошто сте нерасположени. Решението за овој проблем е да разговарате со близок пријател. Не размислувајте премногу, туку кажувајте го она што прво ви доаѓа на памет. Разговарајте додека не почнете да се чувствувате подобро.

2. Постојано сте гладни

Шеќерот и обработената храна не можат да ве најадат, па затоа постојано сте гладни и покрај тоа што сте јаделе пред кратко време. Но, потоа повторно ја консумирате истата храна и само се вртите во круг. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате по секој оброк и направете ги потребните промени.

3. Не спиете доволно

Кога не спиеме доволно, немаме доволно ментална енергија за да се справиме со луѓето, па затоа лесно губиме трпение. Оваа причина е повеќе од очигледна, но честопати ја потценуваме. Кога спиеме, ние се одмораме физички и емоционално.

7 причини зошто постојано сте нервозни

4. Не спиете во вистинското време

Дури и да спиете доволно, сепак може да се разбудите нерасположени наутро ако сте ноќни птици. Многу луѓе се нервозни од сабајле, затоа што се ноќни птици, принудени да станат ранобудници. Поради тоа што се присилени да се будат во време кога би требало да спијат, тие стануваат многу нервозни. Ако можете да го контролирате вашето работно време, обидете се да си легнувате подоцна и да спиете повеќе.

5. Многу сте чувствителни

Луѓето кои се многу чувствителни, бурно реагираат на секаков вид дразби. А доколку ви пречат силните звуци и светлина, тогаш нормално е тоа што сте постојано нервозни. На интровертите и претерано чувствителните луѓе им е многу тешко да се снајдат во брзото општество и им треба време за да ги наполнат батериите.

6. Не дишете правилно

Колку и да ви звучи чудно, многу луѓе дишат погрешно, затоа што се изложени на голем стрес. Многумина издишуваат подолго одошто вдишуваат, иако и двата процеси би требало да траат подеднакво долго. Тоа не само што го урамнотежува нашето тело, туку и го смирува умот и нервниот систем. Користете го дишењето како алатка за смирување на телото и умот, веднаш ќе ви помине нервозата. Докажано е дека медитацијата и другите типови вежби за дишење имаат неверојатно влијание на мозокот и нервниот систем.

7. Зглобовите ви се преоптоварени

Како последица од лошата исхрана, несоодветните вежби, дехидратација, потиснати емоции или други здравствени проблеми, вашите зглобови може да станат здрвени. Ова е исто така познато и како воспаление и може да го наруши вашето емоционално здравје. Јогата и редовното истегнување можат да ви помогнат во врска со овој проблем.

Бидете трпеливи, сите станувам нервозни. Сфатете го тоа како реакција на вашиот начин на живот и прилагодете се соодветно.

Прочитајте ги и следниве 9 знаци кои укажуваат на тоа дека сте под преголем стрес.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар