7 причини да си направите топол напиток од ѓумбир

Ги затоплува коските, помага при настинки и многу други болки

7-prichini-da-si-napravite-topol-napitok-od-gjumbir-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1 корен од ѓумбир
  • 1 литар обична вода
  • 2-3 лажици домашен мед
  • 1 лимон
Начин на подготовка:
  1. Излупете го коренот од ѓумбир и исечете го на тенки крукчиња.
  2. Ставете го ѓумбирот во тенџере и прелијте го со вода. Така варете го овој ароматичен корен барем 15-20 минути на умерена температура.
  3. Потоа тргнете го од оган и оставете го да отстои барем 5 минути.
  4. Извадете го ѓумбирот од течноста, потоа засладете ја со мед и закиселете ја со лимон по желба.
  5. Пијте го напитокот топол.
Причини да го подготвите и пиете овој напиток:
  1. Му дава сила на телото и го јакне имунитетот.
  2. Го забрзува опоравувањето доколку сте болни.
  3. Ги смирува гадењето и болката во желудникот.
  4. Добро делува на нервниот систем.
  5. Го поттикнува варењето и работата на цревата и ја намалува надуеноста.
  6. Ја поттикнува циркулацијата.
  7. Ќе ве затопли повеќе од најдебелите џемпери.
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар