7 предмети во вашата спална соба кои може да бидат причина за појава на рак

7 предмети во вашата спална соба кои може да бидат причина за појава на рак

Постојат многу совети за намалување на ризикот од рак – од храната која ја консумираме до продуктите за убавина. Она што е важно е да знаете што треба да избегнувате. Некои од овие совети се очигледни, но некои навистина ќе ве изненадат. Следнава листа содржи неколку предмети од вашата спална соба кои можеби го зголемуваат ризикот за појава на рак.

1. Памучна постелнина

(1)7-predmeti-vo-vashata-spalna-soba-koi-mozhe-se-prichina-za-pojava-na-rak-kafepauza.mk

Памукот е растение на кое има најмногу средства против инсекти. Активната состојка која се наоѓа во овие средства е глифосад. Глифосадот е поврзан со ракот многупати, но луѓето продолжуваат да го употребуваат. Можете да најдете соодветна замена за стандардните памучни постелнини, а најдобар избор се оние кои се направени од органски памук.

2. Покуќнина од лажна кожа

(2)7-predmeti-vo-vashata-spalna-soba-koi-mozhe-se-prichina-za-pojava-na-rak-kafepauza.mk

Лажната кожа содржи многу хемикалии кои се поврзани не само со ракот, туку и со други нарушувања. Исто така каучите и креветите многу често содржат состојки кои ја намалуваат нивната запаливост. Овие состојки го зголемуваат ризикот од рак, може да направат промени во хормоните и да влијаат негативно на развивањето на мозокот.

3. Боја

(3)7-predmeti-vo-vashata-spalna-soba-koi-mozhe-se-prichina-za-pojava-na-rak-kafepauza.mk

Можеби ви се допаѓа мирисот на свежо обоен дом, но и тој мирис си има своја цена. Еден од најчестите извори на испарливи органски соединенија во домот е бојата. А нејзиното влијание е уште полошо кога е на затворен простор. Истражувањата покажале дека нивото на некои соединенија е 2 до 5 пати повисоко во затворен простор.

4. Електронски уреди

(4)7-predmeti-vo-vashata-spalna-soba-koi-mozhe-se-prichina-za-pojava-na-rak-kafepauza.mk

Дали спиете со телефонот до вашиот кревет? Ако го правите тоа, не сте единствените. Покрај телефонот, голема е веројатноста во вашата спална соба да се наоѓа и телевизор, или пак рутер за Интернет. Со ова вие само дополнително се изложувате на електромагнетно поле. Оваа изложеност долго време се смета за канцерогена, а направени се и неколку истражувања кои го потврдиле ова мислење. За да го намалите влијанието исклучете го вашиот телефон, или пак оставете го во друга соба додека спиете.

5. Душек

(5)7-predmeti-vo-vashata-spalna-soba-koi-mozhe-se-prichina-za-pojava-na-rak-kafepauza.mk

И душеците имаат состојки кои ја намалуваат нивната запаливост. Како што кажавме претходно, овие состојки се поврзани со многу здравствени нарушувања.

6. Кадифени играчки

(6)7-predmeti-vo-vashata-spalna-soba-koi-mozhe-se-prichina-za-pojava-na-rak-kafepauza.mk

Друг предмет кој често содржи состојки за намалување на запаливоста се кадифените играчки. Ова е особено лошо бидејќи децата се најмногу изложени, и тоа уште од рана возраст.

7. Освежувачи за простории

(7)7-predmeti-vo-vashata-spalna-soba-koi-mozhe-se-prichina-za-pojava-na-rak-kafepauza.mk

Ретко кој не користи освежувач за просторија. Најчесто тие се направени од синтетичка арома, или парфем. Парфемот во освежувачите е всушност коктел од отровни хемикалии кои често не ги пишува на производот. За поздрава алтернатива, користете есенцијални масла.

Погледнете и кои се раните симптоми на рак кои не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар