7 предлози за вкусна и хранлива ужина после тренинг

Надополнете ја изгубената енергија и обезбедете доволно јаглехидрати и протеини, така што ќе си го направите патот до совршеното тело полесен и пократок. Доколку после тренинг не внесете доволна доза хранливи материи, вашето тело ќе престане со продукција на протеини во мускулите и ќе почне да ги разградува истите, што секако не е корисно за вас.

7 предлози за вкусна и хранлива ужина после тренинг

Затоа 15 до 30 минути после тренинг задолжително внесете чисти протеини за да помогнете во формирањето на мускулите. Заедно со тоа комбинирајте јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја вратите енергијата. Јаглехидратите се најефикасен начин да ја вратите свежината. Кога јадеме после тренинг, гликозата во мускулите се претвора во гликоген, кој е најважен извор на енергија во текот на физичката активност.

Здравите масти се клучни хранливи материи при изградбата на квалитетни мускули, а ние ви пренесуваме неколку рецепти кои ќе ве држат во врвна форма.

1. Шејк од путер од кикирики и протеини

(2) 7 предлози за вкусна и хранлива ужина после тренинг

Потребни состојки:
  • 1 доза протеини со вкус на чоколадо
  • 250 милилитри бадемово масло или вода
  • 50 грама безмасно младо сирење
  • 2 лажички путер од кикири
  • 1 коцка мраз
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во миксер и матете околу 30 секунди.

Калории: 455

Протеини: 40 грама

Јаглехидрати: 19 грама

Масти: 21 грам

2. Шејк со цимет и ѓумбир

(3) 7 предлози за вкусна и хранлива ужина после тренинг

Потребни состојки:
  • 1 доза протеини со вкус на ванила
  • 1 доза заменски протеини за оброк од чоколадо
  • 250 милилитри безмасно млеко
  • ½ лажичка цимет
  • ½ лажичка ѓумбир
  • 1 каранфилче
  • 150 милилитри органски јогурт
  • 5 коцки мраз
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во миксер и матете околу 30 секунди.

Калории: 337

Протеини: 49 грама

Јаглехидрати: 22 грама

Масти: 5 грама

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар