7 правила во уредувањето кои можат да се прекршат

Убедени сте дека малиот простор треба да го бојадисате во бела боја? Мебелот во дневната треба да биде во еден стил? Прочитајте кои правила може да се прекршат кога станува збор за уредувањето во домот.
.

1. Старо правило: Употребувајте само еден вид дрво во собата

7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Сите видови дрво кои се согласуваат во боите одлично изгледаат во една соба. Мешањето повеќе видови дрво во една просторија може да ја направи просторијата забавна и да ù даде личен печат.
.

2. Старо правило: Најважниот мебел во собата е софата

7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Не постои такво правило кое кажува дека во собата мора да има софа. Четири фотелји успешно можат да ја заменат софата и просторијата да изгледа разиграно и топло.
.

3. Старо правило: Играјте на сигурно во мали простории

7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Малите простории се одлични за драматично уредување. Тапети со големи принтови се одличен избор за ѕидовите на малите соби. Драматичното уредување во помалите простории, како ова со тапетите е поевтино и полесно.
.

4. Старо правило: Детските цртежи треба да се декор само за фрижидерите

7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Врамете ги цртежите на децата и закачете ги на ѕидовите од собата. Тие на просторијата ќе ù дадат свежина, боја и хармонија. Тие се полни со дух и длабоко значење.
.

5. Старо правило: Мебелот во собата треба да биде во ист стил

7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Ако во просторијата умешно ги споите бојата, текстурата и различните видови мебел, имате добитна комбинација на која рокот на траење ù е подолг. Додатоците кои ќе ги вметнете на просторијата нема да дозволат собата да биде тематска.
.

6. Старо правило: Во мала спална соба, употребете помали парчиња мебел

7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Малите парчиња мебел уште повеќе ќе го нагласат малиот простор на спалната соба. Пробајте да искомбинирате кревет со висок душек и висока дрвена табла. Така, малата спална соба ќе биде поголема.
.

7. Старо правило: Масата и столчињата во трпезаријата треба да бидат во еден стил

7 правила во уредувањето кои можат да се прекршатНово правило: Мешајте стилови кои меѓусебе се совпаѓаат. Купете дрвена маса и столчиња со различни дезени и форми, но сепак и тие нека бидат дрвени.

——————————————————————————————————————————————————————–

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар