7 правила со кои полесно ќе го преживеете пеколно топлото лето

7 правила со кои полесно ќе го преживеете пеколно топлото лето

Живата во термометарот опасно се качува над 35 Целзиусови степени на сонце што за многумина тоа предизвикува проблеми во извршувањето на секојдневните активности. Се потиме, исцрпени сме и раздразнети. Еве што треба да направите за да ги „преживеете“ големите жештини без оглед на тоа каде се наоѓате.

1. Избегнувајте го директното сонце

Без оглед на тоа дали се наоѓате на море или во град избегнувајте го директното сонце, особено во периодот од 11 до 15 часот кога ултравиолетовите зрачења се најјаки. Доколку морате да излезете потрудете се телото и главата да ги заштитите со соодветна облека и шешир.

2. Заштита од сонцето

Сите изложени делови од кожата намачкајте ги со крема за сончање со минимален заштитен фактор 15. Не заборавајте да ги намачкате ушите, задниот дел од вратот и капаците, кои се една од најчестите грешки кои ги правиме додека се изложуваме на сонце.

3. Заштитете ги очите

Ултравиолетовите зраци може негативно да делуваат врз нашите очи, па затоа е важно да го заштитиме овој дел од телото. Истражувањата покажале дека негативните последици од силното сонце можете да ги избегнете доколку носите очила за сонце со вградени филтри против УВ зрачењето. Избирајте модели на очила кои покриваат добар дел околу очите и кои спречуваат продирање на сончевите зраци од страните.

4. Пијте доволно течности

Просечна личност во текот на денот треба да испие 8 чаши обична вода, а кога е изложена на високи температури, оваа количина треба многу да се зголеми со цел да остане соодветно хидратизирана. Секогаш при рака имајте шише со некоја напивка, а најдобро ќе ве разлади обичната вода.

2-7-pravila-so-koi-polesno-kje-go-prezhiveete-pekolno-toploto-leto-www.kafepauza.mk_

5. Немојте премногу да се напрегнувате

Вежбањето на високи температури дополнително ја зголемува температурата на телото со што се зголемува потењето и дехидрацијата на телото. Заради тоа може да дојде до грчење на мускулите, тромост и исцрпеност, а во потешки случаи и до топлотен удар. Ограничете ја количината на активностите со кои ќе се занимавате во текот на денот, а избегнувајте ја и најобичната прошетка во најтоплите часови.

6. Замрачете го домот

Спречете ја топлината да навлезе во вашиот дом, особено ако добар дел од домот е свртен кон југ. Најдобро е да навлечете завеси на прозорците, да ги изгасите сите светилки во домот и да ги исклучите сите домашни апарати кои генерираат топлина.

7. Не претерувајте со уредите за ладење

Доколку имате потреба да го разладите домот со вентилатор или клима уред, секогаш внимавајте разликата во температурите помеѓу разладената просторија и надворешната температура да не преминува над 7 степени за да не го доведете вашето тело до температурен шок.

3-7-pravila-so-koi-polesno-kje-go-prezhiveete-pekolno-toploto-leto-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар