7 прашања што треба да си ги поставите доколку не сте среќни

Понекогаш животот знае да биде навистина тежок. Сите поминуваме низ добри и лоши периоди. Кога лошите деновите ги надбројуваат добрите, тоа е знак дека треба да преземете нешто што е можно побрзо. Доколку се чувствувате како да сте заглавени во безизлезна бездна, можете да се ослободите и да стигнете до светлото на крајот од тунелот. Треба само да го откриете коренот на проблемот. Понекогаш можеби не сте целосно сигурни што треба да смените, па мора да ја преземете улогата на детективи. Ова се 7-те прашања што треба да си ги поставите доколку не сте среќни со вашиот живот и сакате да направите одредени промени…

7 прашања што треба да си ги поставите доколку не сте среќни

1. „Дали треба да се преселам во ново место?“

Ова можеби ви звучи застрашувачки, но понекогаш тоа е чекорот што треба да го преземете за да се пронајдете себеси. Сите луѓе треба да го менуваат местото на живеење додека не откријат каде припаѓаат во светот.

2. „Дали работата ме прави несреќен/на“?

Поминувате околу 8 часа на работа секој ден. Најверојатно повеќе време поминувате со вашите колеги отколку со пријателите и семејството. Доколку работите на место што ве прави несреќни, тоа е голем проблем. Не плашете се да излезете од удобната зона и да останете без работа. Ќе најдете нешто друго. Ниту една работа не вреди толку многу за да ја изгубите среќата.

3. „Дали треба да го проширам мојот круг на пријатели?“

Понекогаш забавно е да се има пријатели кои сакаат да озборуваат, но кога тоа ќе прерасне во бран на негативност, може да има штетно влијание на вашата благосостојба. Мора да размислите дали вашите пријатели ви носат позитивност во животот или само предизвикуваат драма. Доколку се работи за второто, време е да ги преиспитате вашите пријателства и да си го проширите кругот на пријатели.

7 прашања што треба да си ги поставите доколку не сте среќни

4. „Дали врската ме прави несреќен/на?“

Доколку постојано се карате со вашиот партнер, можеби време е да прекинете. Тешко е да се остави саканата личност и сингл животот можеби не ви делува привлечно, но понекогаш токму тоа треба да го направите за да пронајдете вистинска среќа. Токсичните врски во животот не го заслужуваат вашето време и енергија. Ниту една љубов не треба да предизвикува повеќе жртви отколку убави сеќавања.

5. „Дали домашен миленик би ме направил посреќен/на?“

Некои луѓе кои се справуваат со анксиозност и депресија посвојуваат кучиња. Животните можат да ви помогнат да ги пребродите тешките периоди. Можеби ви треба едно крзнено другарче за да бидете среќни. Кој би можел да остане тажен додека гали прекрасно маченце?!

6. „Дали ми треба одмор?“

Понекогаш не ви треба голема животна промена за да ја победите тагата. Понекогаш сѐ што ви треба е бегство од напорното секојдневие. Доколку поминало многу време од последниот пат кога сте отишле на ново место, сега е моментот за да го направите тоа. На сите луѓе им треба одмор и можност да се опуштат и да си ги наполнат батериите.

7. „Кому можам да се обратам?“

Честопати ја потценуваме способноста на луѓето околу нас да нѐ сослушаат и разберат. Доколку поминувате низ тежок период, сигурно имате пријател или член од семејството кој би можел да сочувствува со вас и да ви помогне. Треба само да размислите кој би можел да ви пружи најголема поддршка и да се отворите.

Сите заслужуваме среќа. Тргнете во потрага по вашата!

Во продолжение прочитајте ги овие 20 мисли за поубав ден, поисполнет живот и повеќе радости и насмевки.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар